Фрустрација, нашиот најдобар механизам на психолошко прилагодување

Фрустрација е сјаен емоционален одговор кој е многу потценет поради тоа што е непријатен и поврзан со детско однесување. Разбирањето и доживувањето на фрустрацијата може да ни помогне во решавање на потеклото на многу проблеми.

Навикнавме да слушаме за фрустрација во контекст на децата и адолесценцијата, но малку се слуша или чита за тоа како таа се манифестира во животот на возрасните и за често неуспешните напори кои ги правиме за да ја ублажиме. Одредени манифестации на фрустрација кај луѓе се инфантилизирани и затоа општествено се погрешно оценети.

Во секој случај, се чини дека фрустрацијата е емоционално искуство подеднакво непријатно колку и сложено, па затоа и тешко се препознава, идентификува и изразува. Опишувањето на фрустрациите заслужува посебно внимание, бидејќи нејзината манифестација се доживува како општествено непримерна.

Понекогаш се чини дека единствена исправна работа е да се исконтролира. Меѓутоа, таа е еден од најдобрите психолошки механизми на прилагодување кои го имаме.

Што е фрустрација и зошто треба да се изрази?

Фрустрацијата е емоционално искуство кое се создава кога желбата и стварноста не се поклопуваат. Утописки е да се помисли дека и двете можат секогаш да одат рака под рака или паралелно. Затоа фрустрацијата станува психолошки механизам кој ни помага да ги прилагодиме своите желби и да ја прифатиме стварноста.

Оваа психолошка прилагодба ни помага да се преиспитаме и да ги обновиме сопствените очекувања. Далеку од она што може да ни се чини на прв поглед, фрустрацијата е емоција која ни овозможува да ги совземеме своите алузии и да им дадеме повеќе шанси за постигнување.

Зошто? Бидејќи кога ќе ја ставиме желбата и стварноста под контрола, тоа ни дава прилика за емотивна и когнитивна промена на курсот. Ни зборува за потребата да се застанеме и да разгледаме други опции, бидејќи нешто не оди во ритам.

Фрустрација и животно искуство

Секоја животна фаза и средба со разни ситуации на се’ поголеми сложености, овозможува да изградиме толеранција на фрустрација. Она што може да биде едноставно додека сме деца, станува посложено кај возрасните луѓе бидејќи постојат вистински мрежи на интерни фактори и фактори на условување на околината.

Треба да имаме предвид дека што е поголема изложеноста на ситуациите од овој тип и што е поголема искуствената рамнотежа, тоа се поголеми можности за учење да се контролираме во секоја животна фаза. Можеме да помислиме дека како возрасни можеме да имаме потешкотии во контролата на нагонот, на пример да изедеме колач токму како дете. Меѓутоа, дури и ако ситуацијата е иста, сложеноста на мислите и импулсот, исклучително варира. Кога би можеле да го ставиме звучникот на мислите, ќе видиме дека во иста ситуација, внатрешниот дијалог и менталниот склоп многу се разликуваат во зависност од животниот циклус.

Потиснувањето или неразбирањето на фрустрацијата може да ги доведе до состојба на хронично незадоволство.

Речиси ништо не не’ радува и голем дел од она што ни се случува се тумачи во нашите мисли како пречка. Кога ќе не’ нападне немир, тежина и хронично незадоволство, постои несклад кој не го гледаме, а уште помалку умееме да го решиме.

Треба да се напомене, кога фрустрацијата ќе се претвори во ‘избеган коњ’ а ние не знаеме како да управуваме со она што ни се случува, корисно е да се има излез кој подоцна со поголема ментална јаснотија се враќа на почетна точка. На пример, многу луѓе почнуваат да се занимаваат со спорт, што помага кај фрустрацијата.

Фрустрирачкото искуство е синоним за непријатност, ментална магла и бури во нашиот внатрешен дијалог. Сето ова не’ враќа во состојба на безнадежност кое не’ тера да забавиме и да ја преиспитаме ситуацијата.

Накратко, можеме да кажеме дека фрустрацијата е механизам кој не’ води кон благосостојба. Толеранција на фрустрација ни помага да живееме со непријатност како дел од животот.

Благодарејќи на фрустрацијата учиме како да ги прифатиме своите можности, своите ограничувања и како да ги прилагодиме очекувањата. Бидејќи ова прилагодување на очекувањата ни помага да не се блокираме себе и така да продолжиме во потполност да функцинираме во животот. Затоа, да ја третираме фрустрацијата онака како таа заслужува, бидејќи е неопходно и навистина функционално емоционално искуство.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: