Жената покрај мажот или цвета или венее

Дали некогаш сте размислувале за тоа како енергијата на мажот може да влијае на жената?

Дали забележавте дека некои жени покрај мажите расцветуваат додека другите почнуваат да венеат? Постојат поголем број на жени кои пред бракот биле вистински убавици, а во бракот почнале да пропаѓаат. А кога ќе се разведат, многу од нив ќе расцветат.

Многумина мислат дека за тоа е виновен погрешниот начин на живот, но се покажа дека за тоа не се виновни секојдневните потешкотии со кои жената се носи, туку фактот дека мажот престана да и’ се восхитува, да и’ се насмевнува, да ја фали и почна кон неа да се однесува како кон парче мебел.

Ќе ви раскажам една приказна која може да ја потврди оваа теорија. Една моја пријателка се вљуби во својот колега на работа, но бргу дозна дека не е слободен. Беше три години во врска со својата девојка со која живееше. Мојата пријателка негуваше силни емоции кон него и се надеваше дека можеби еден ден ќе бидат заедно, бидејќи сеуште тој својата врска не ја круниса со брак.

Сакаше да дознае каква е неговата девојка, па се распраша која е и каде работи. Дозна дека работи во еден бутик па ние двете одлучивме да одиме и да ја видиме. Девојката изгледаше некако безживотно. Беше бледа и на нејзиното лице немаше насмевка.

Поради својата тенка линија некако изгледаше како бледа сенка. Дознавме како се вика и одлучивме да ја побараме на социјалните мрежи. Бевме изненадени од нејзините фотографии од училишните денови. Се чинеше многу весела девојка, насмеана, во прекрасни цветни фустани.

Поминаа неколку месеци и мојата пријателка конечно започна врска со својот колега во кој се вљуби, откако тој ја раскина врската со својата девојка. Беше толку среќна бидејќи конечно најде маж кој и’ одговара.

Набргу почнаа заедно да живеат. Се покажа дека нејзиниот сакан е скржавец. И’ ја броеше секоја пара која ќе ја потрошеше. Секогаш и’ наоѓаше некакви замерки и ја критикуваше во се’. Дури почна да и одредува што ќе облече и и’ забрани да користи парфем за да не привлекува внимание на другите мажи на себе.

Се покажа дека животот со него е тежок. Набргу мојата весела и насмејана пријателка стана копија на својата предходничка. Од онаа весела девојка стана само бледа сенка. После една година повеќе не можеше да издржи и го напушти човекот за кој некогаш сонуваше.

За брзо време почна да се враќа во нормала, да оживува. Во нејзиниот живот повторно се врати радост, насмевка и среќа. Затоа драги жени од време на време проверете ги своите стари фотографии и сетете се какви бевте некогаш.

Споредете се себеси сега и она што бевте некогаш. Ако тие две слики се разликуваат не ги обвинувајте годините, уморот и да барате разни оправдувања. Вашето среќно лице е показател на среќата во бракот.

Престанете да ги обвинувате годините и хормоните за своите проблеми, можеби тоа нема никаква врска.

Не дозволувајте си себеси да станете бледа сенка на онаа девојка која бевте некогаш. Не дозволувајте таа девојка да исчезне.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: