Еве ја вистината која често не ја слушате: Трауматизираните жени имаат потенцијал да станат најмоќни луѓе на овој свет
Она што забораваат луѓето е дека преживеаните имаат најопасна предност: отпорност.
Кога се трудите и се обидувате, но никогаш не можете да скршите ваква жена, ќе знаете дека нема враќање. Да не се залажувате. Никогаш не можете да ги поразите. Никогаш и нема.
Тоа е жена на која нозете и’ се изгорени во пламенот и таа секогаш живее за да раскаже некоја друга приказна- дури и ако мора да ползи за да се врати во живот.
Никогаш не добила љубов или одобрување на сребрена тацна па затоа за да преживее, мора да се сака себеси на начин на кој другите не можат ниту да сонуваат. Се бори со заби и нокти за сопственото прифаќање.
Никој не ја галеше како дете ниту и’ зборуваше убави работи; мораше самата да се брани на секој чекор. Таа знае дека може да преживее, бидејќи тоа го направи и секогаш ќе биде така.
Таа е силна светлина која се создаде од зимска темнина. Таа ги познава своите сенки и незабележително ги втиснува во ткаенината на нејзината слобода, креативност, мечтта и независност.
Ги живееше сите свои ноќни мори во висока дефиниција. Дадена и’ е секоја причина да се откаже, никогаш да не верува во себе ниту во било кој друг.
Но, има сирова магија во начинот на кој ја негува вербата во себе, за да ги манифестира своите соништа и нејзината душа треба да ги оствари. И покрај се’, сеуште освојува.
‘Оштетената’ жена е способна за неизмерна манифестација, не само во инает, туку и поради траумите кои ги помина.
Никој не е помотивиран од жена на која постојано и’ се зборувало што се’ не може да направи и што се’ не може да биде во својот живот.
Нема никој кој е поодлучен да успее од оној кој нема што да изгуби.
Таа има моќ да ја користи својата повреденост за поголемо добро и за свое најголемо добро. Таа го гради својот успех и станува свој сопствен херој. Цигла по цигла, таа гради и покрај сите обиди ѕидовите да се срушат, таа повторно и повторно ги обновува.
И покрај тоа, таа сеуште може да се соочи со омразата, зависта, желбата од оние околу себе. Се обидуваат да и’ кажат дека е премногу оштетена за да се крене високо.
Кога женско друштво ќе види дека оние кои ги нарекуваат ‘оштетени’ прават подобро од нив, кои никогаш не ни биле, тоа го вознемирува нивниот status quo.
Како резултат на тоа, таа станува преживеана по безброј ловења на вештици, мета на многу прогонувачи. Сепак, кога ќе се обидат да ја запалат на клада, таа прави она што природно доаѓа; таа воскреснува.
Всушност, никој не се сомнева дека ранета жена има повеќе сила во себе, отколку насилниците кои настојуваат да ја совладаат.
Но, еве што е најважно кај овие врсти на жена; таа забележува.
Учи како да ги одбере своите битки и начин на кој ќе се бори..Нејзиниот дух можеби е скршен, но е непопустлив, се враќа, малку по малку.
Можеби со години останува без зборови. За нејзината душа, тоа може да се чинат како векови. Ова е древна рана, која како да преминува од колена на колено
Сепак, во некој момент ќе дојде вереме нејзината душа да возврати за да може да преживее. Ќе дојде време и таа да стане.
Таа останува тивка толку долго, што кога конечно ќе проговори, светот еруптира и пукнатинките стануваат широм отворени.
Нејзината пригушена величенствена енергија, родена и негувана во печка која се нарекува живот е како молња.
Таму каде еднаш била срамежлива, таа сега ослободува громови во секое делување и зборови кои можат да сечат како меч-а со тоа секогаш носи бура.
Кога ќе го слушнете гласот на силното преживување и волјата на еден воин- ништо не можете да направите, освен да застанете и да слушате.
Таа е глас на безнадежните и немоќните кога огнот се враќа во нивните очи. Таа ја прифаќа правдата кои оние поткупливите ја чекаат, за која мечтаат и кој сакаат да ја почувсвуваат и допрат.
Без оглед колку се обидуват и како сето тоа се чини, никогаш вистински нема да фрлите ваква личност на колена; таа веќе ја знае својата вредност, кои и’ ги носат лузните.
Таа знае како да го преобрази својот горчлив збор која ќе се фрли на нејзиниот оклоп и знае дека тоа ќе ја ослободи неа самата и сите други ‘заробени’ птици.
Никогаш не можете да поразите ‘оштетена’ жена, бидејќи точно знае како ќе се спаси.
Leave a Reply