Не му дозволувај на никој да те поседува: Посесивниот маж можете лесно да го откриете со помош на овие знаци

Двајца во врска треба да бидат рамноправни, а ако вашиот партенр секогаш сака да го има главниот збор, тешко дека тоа ќе го постигнете.

Во врска со посесивен маж можете да имате чувство дека сте секогаш под нечија контрола, а често можете да бидете загрижени за сопствената сигурност, бидејќи неговите начини на контрола понекогаш се претерани.

1. Се лути кога разговарате со друг маж. Без оглед дали се работи за ваш колега, пријател од училиште или било кој друг маж, посесивниот партнер може да изгуби разум. Тој во секој момент на сите начини ќе се труди да му покаже на другиот маж дека вие сте негова и дека му припаѓате.

Секогаш трудите се на својот маж да му дадете јасно до знаење дека сте само со него, а ако не ви верува или тоа не му е доволно, тогаш тој можеби не е за вас.

2. Не ве остава на мир кога ќе излезете со пријателките; еднаш неделно ќе излезете да се опуштите во женски муабети, а тој сепак ќе најде причина да ви испарати илјада пораки.

Ако не можете да излезете надвор без вашиот маж да ѕвони и смета, тоа е јасен знак дека вашиот партнер е посесивен. Следниот пат кажете му дека ќе го исклучите телефонот за да се фокусирате на своите пријателки и нема да ги читате неговите пораки, па ако тоа не му се допаѓа и ако бурно реагира, размислете дали ви треба таков човек во животот.

3. Се обидува да го контролира вашиот начин на облекување; Дали вашиот маж често ви зборува дека не треба да носите кратки сукњи или маици со изразено деколте и таквото свое однесување го правда со својата загриженост за ваша сигурност?

Тој всушност само сака да контролира што носите бидејќи не сака да им привлечете внимание на другите мажи на себе.

4. Сака да ви биде приоритет; Посесивен маж секогаш очекува, секој свој слободен момент да му го посветите нему, што никако не е реално. Секогаш имајте свој живот покрај заедничкиот. Вашиот партнер може да биде дел од него, но не смее да ви го скратува.

5. Ја коментира секоја ваша објава на социјалните мрежи; под секоја слика, под секоја објава се наоѓа коментар на вашиот маж.

Ако не можете да контролирате она што ќе напише, секогаш можете да го скриете коментарот. А ако повеќе тоа не можете да го трпите, секогаш можете да излезете од таа врска.

Иако е многу убаво кога мажот покажува дека се грижи за вас, посесивноста на никој не му е привлечна. Ако мажот не може да се избори со својата посесивност и несигурност никогаш нема да биде во сосотојба да гради здрава врска.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: