Не сте одговорни за туѓите чувства- како да се победи стравот и да се искажат емоциите

Многу е важно да ги знаеме како своите желби и потреби да ги искажеме на луѓето околу себе.

За да го направите тоа, мора на другите да им дадете до знаење што ви одговара, а што не, што можете да толерирате, а што не. Оваа вештина секоја личност треба да ја развива уште од детството, но за среќа може да се развие во било која доба од животот.

Ако молчите, ризикувате луѓето да ве запоставуваат вас и вашите потреби. Многу луѓе се горедеат со тоа дека не се конфликтни личности и што не се расправаат со другите, а всушност така само го трупаат своето незадоволство и огорченост во себе.

Често, на пример, се плашиме да и’ кажеме на саканата личност што не ни се допаѓа од страв дека себе или таа личност ќе ја доведеме во незгодна ситуација. Не сакаме себеси да си создаваме чувство на вина, но не сакаме и да го наметниме на другите. Поради тоа повеќе работи задржуваме во себе и ја превземаме на себе одговорноста за чувствата на другите.

Втората причина често лежи во некои трауми кои ги влечкаме од детството. Често, поради лошите искуства од порано, мислиме дека ако на личноста и’ кажеме дека нешто не ни се допаѓа, дека ќе ја поврдиме, вознемириме и таа личност во самоодбрана ќе почне да не напаѓа и ќе не’ натера да се чувствуваме виновни.

Се плашиме од манипулација бидејќи многу пати сме биле изложени на неа и не сакаме повторно да поминуваме низ истото. За да се решиме од стравот и да бидеме во состојба да ги искажеме своите чувства мора да сфатиме дека ние не сме одговорни за туѓите чувства и не треба да превземаме одговорност за нив.

Ако не сме во состојба истиот момент да реагираме кога нешто не ни се допаѓа и ако нешто не ни одговара, другите нема да знаат како се чувствуваме и што сакаме. Ако личноста почне да се навредува на неагресивна порака која сте и’ ја пратиле, тоа е јасен знак дека таа се обидува да манипулира со вас и тогаш мора да бидете внимателни.

Ако личноста незадоволството го доживее како одбивање и од навика почне да ве напаѓа, мора да бидете внимателни и не смеете да наседнувате на нивниот обид да манипулираат со вас и да ве вовлечат во својата игра.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: