Силата на жената е огромна, а нејзиното влијание на мажто е неограничен. Жената е таа која од мажот ќе направи маж. Таа во него открива некои особини, некои ги неутрализира, а тоа најчесто ги прави несвесно. Ако на пример нејзиниот татко бил успешен човек, таа ќе се потруди својот маж да го направи успешен, бидејќи таква слика има во главата.
Проблемот е во тоа што жените не ја разбираат својата сила и не обрнуваат доволно внимание на своите мисли и постапки. Не ја сфаќаат својата моќ и можност да влијаат на својот сопруг. Да разгледаме што сопругата може да направи со мажот, како може да влијае на неговиот карактер и постапки.
1. Како жената го гледа својот маж, тој така ов ќе биде.Ако жената на својот маж ги гледа само недостатоците и несовршеностите, тие од ден на ден само ќе бидат поголеми. Тоагаш дури и оној маж кој има потенцијал да стане добар сопруг може да стане губитник.
2. Ако жената не го почитува својот маж никој нема да го почитува; Врз основа на тоа колку почитување покажува кон својот маж, другите ќе градат слика за него. Ако жената константно не покажува почитување кон него, ниту другиот нема да го почитува.
3. Ако жената не му верува на мажот и не му го отвори срцето, никој не му верува. Дури и ако во потполност е достоен на таква доверба, сеедно, сите околу него постојано ќе се сомневаат во него.
4. Ако жената е постојано незадоволна со нешто, сите во семејството ќе бидат незадоволни.
5. Ако жената се грижи за својот маж и не му покажува нежност, тој тие работи ќе ги побара некаде на друго место.
6. Ако жената ги гледа добрите особини во својот маж и се фокусира на нив, тие ќе почнат да растат и да се множат. Дури и кога за тоа нема никаква причина.
7. Ако жената му го отвори своето срце на мажот, тој станува великодушен. Почнува да бара причини за да и’ удоволи и да ја направи среќна.
8. Ако жената искрено му служи на мажот, тој со големо задоволство ќе ја земе под своја заштита. Тој ќе се грижи за неа и ќе ја заштити од се’
9. Ако жената е наклонета кон темпераментот на мажот и се обидува да го задоволи, мажот поради неа ќе ги помрдне планините.
За да го направите тоа, мора да научите да ги гледате квалитетите на својот сопруг, а не да ги мерите со своите стероптипи.
10. Ако сопругата сака да го спаси семејството и искрено со љубов прави напори за тоа, истата желба се раѓа во мажот и тој почнува да и’ помага на својата сопруга во се’.
Ако мажот на некој начин не ви одговара, обидете се причината да ја побарате во себе. Секогаш можете да се обвинувате еден со друг и да барате влаконо во јајцето. Ако малку повеќе ја согледате целата ситуација и размислите за се’, ќе видите дека покрај вас е оној маж кој сами го одбравте за себе.
Внимавајте еден на друг. Често трошиме премногу енергија са расправии и кавги, а таа енергија можеме да ја насочиме на некои подобри и убави работи.
Научете да се сакате и не ја трошите својата енергија залудно.
Leave a Reply