Почнува владењето на Шкорпијата -кои се важни астро датуми

Сонцето преминува во водениот знак на Шкорпијата на 22 октомври. Сезоната на Шкорпијата е добро време да се фокусирате на трансформативни промени во животот, да ја истражите својата психологија, менталното здравје и да ја зајакнете интуицијата. Не го запоставувајте моќниот внатрешен глас кој во оваа сезона може многу да ви помогне.

31 Октомври – Ноќ на вештерките

Ноќта на вештерките, која води корени од паганскиот фестивал Samhain, е време кога се обележува циклусот на раѓањето и смртта. Во ова време на годината почнува и подемот на звездениот систем Плејада.

На овој ден е важно симболично да се отфрлат сите негативни емоции и се’ она што повеќе не ни служи, што е лошо и треба да исчезне од нашето срце, за да ослободи простор за нешто позитивно.

1. Ноември- магичен нумеролошки низ 111

Денес се отклучува нумеролошкиот код 111, бидејќи тоа е прв ден од 11-ти месец. 111 е ангелски број кој означува нов почеток, позитивна енергија. Ако редовно го гледате 111, може да укажува на тоа дека се подготвувате за почеток на ново поглавје од својот живот, кое повеќе е ускалдено со судбината на вашата душа.

111 е исто така заштитен број и може да укажува дека сте на добар пат.

2 Ноември- Меркур го напушта периодот на сенка

Меркур на 18 октомври ја заврши последната ретроградна фаза во 2021 година, но на денешен ден конечно ја врати својата сила и брзина.

Ова треба да донесе налет на енергија, посебно околу прашањата кои се однесуваат на комуникација, технологија и договори.

4 Ноември- Млад Супер Месец во Шкорпија

Во време на овој млад Месец, имаме многу водена енергија која протекува на нашето космичко небо. Водената енергија е мека, интуитивна и не’ охрабрува да одиме понатаму.

Иако е оваа преубава енергија за работа, не’ очекува уште еден динамичен момент кој може да не’ натера да се чувствуваме ограничено или дури и фиксирано или опсесивно во врска со ситуацијата.

5 ноември – Венера во Јарец

Венера беше во Јарец на почетокот на годината, но сега повторно се врати во својот автентичен знак. Венера ќе има продолежен престој во Јарец (до март 2022 поради престојната ретроградна фаза 19 јануари).

Обрнете внимание на сите теми за вашите односи и финансии кои се случуваат тогаш и во текот на следните недели.

Се’ што во овој период се случува може значајно да влијае на вашата иднина.

11 Ноември -нумеролошки низ 1111

Овој низ е еден од најмоќните броеви, кои означуваат будење, духовен напредок и се’ да тече по планот.

Ако редовно гледате 1111, тоа може да укажува на тоа дека тргнавте во вистински смер или дека ќе направите голем напредок, како во материјални работи, така и во полето на свеста.

19 Ноември -Потполна помрачина на Месецот во знакот на Бик

Големо случување во владеењето на Шкорпијата е помрачината на Месецот во знак на Бик. Ова е прво помрачување во Бик од 2014 година и создава нов циклус на енергија која ќе ја чувствуваме во 2022 година. Важно е да освестиме што се случува во нашите животи, што мора да ослободиме, да решиме и отпуштиме.

Емоциите можат да бидат силни во текот на помрачината, а животот може да се сврти однопаку. Не’ очекуваат долгорочни промени, но ако ги прифатите можат да ви го унапредат вашиот живот.

Сатрун во Марс се активни во текот на помрачината и можат да предизвикуваат одредена променливост, предизвикувајќи напнатост.

Можно е големо ослободување на насобрана енергија на глобално ниво.

извор: sensa. mondo

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: