Дали сте осамени во врската?

Осаменост во врската потполно ве уништува. Треба да ја избегнете оваа ситуација за да уживате во здрав и нормален живот.

Подобро да се биде сам, отколку во лошо друштво- оваа реченица совршено ја дефинира ситуацијата. Осаменост во врска веројатно предизвикува најлошо чувство на осаменост.

Оние кои немаат никој покрај себе често чувствуваат страв или дури и ужас. Но, замислете како е тоа да имаш животен партнер или да се биде во врска, но да се чувствуваш бескрајно осамено покрај таа личност.

Оваа ситуација се нарекува осамена заедница. Многу почеста отколку што мислите. Голем проблем се случува кога не барате решение.

Осамена заедница и длабока празнина

Кога во врска се чувствувате осамено, постои длабока празнина, чувството за кое мислите дека е неможно, бидејќи не сте сами.

Не сте сами, барем не физички. Но, фактот дека некој е присутен во вашиот живот не значи дека таа личност е навистина присутна.

Важно е да се внимава на следниве знаци, за да бидете свесни дека вистинска заедница всушност нема.

  • Вашиот партнер не ве слуша, не обрнува внимание на вас кога нешто му зборувате. Можеби се преправа, но знаете дека тоа не го интересира. Изненадувачки, му поставувате прашања на кои грешно одговара. Самиот ќе се открие дека воопшто не е заинтересиран.
  • И прави да се чувствувате инфериорно, а за тоа можеби не е свесен. Наместо да ве мотивира и охрабри да ги остварите своите соништа и проекти, тој тоа не го прави, туку ги отфрла како глупост.
  • Секогаш сте виновни. Животниот партнер е тука да ви даде поддршка, а не да ви го отежнува животот. Можеби сте погрешиле и правите грешка, но тоа не е причина партнерот да ве обвини, да ви го остави проблемот и да ги ‘измие рацете’ од се’.

Дали е себична личност? Без сомнеж да. Треба да се дистанцирате од вакви личности, посебно ако почнете да се чувствувате осамено. Немате пред себе никој кој ве почитува и се грижи за вас, кој ви дава безусловна поддршка.. Но, вашиот животен партнер не ви го подарува своето време, само ве повредува.

Емоционалните рани кои предизвикуваат осамена заедница

Не само што се чувствувате лошо, тажно, разочарано, животот во осамена заедница може да има уште полоши долгорочни последици. Тоа е како да поминувате живот со токсична личност која ве троши додека ништо не остане од вас.

Можете да добиете анксиозност или депресија, чија причина лежи во личноста која е покрај вас, а како да не е тука.

Главната потешкотија е прекинување на оваа ситуација. Вашата самодоверба е нарушена, се’ додека се чувствувате виновни за она што се случува.

Се обвинувате себе што се чувствувате осамено. И вложувате напор емоционално да се поврзете со својот животен партнер, да изградите цврста, силна и здрава врска.

Почнувате да се плашите дека партнерот ќе ве остави бидејќи не можете да пронајдете решение за оваа ситуација. Станувате емоционално зависни и постои неравнотежа која ве отфрла од колосек.

Изгубивте сила бидејќи се обидовте да го направите невозможното. Ако поради вашиот партнер се чувствувате осамено, не се обвинувајте себе.

Одберете своја осаменост

Кога ќе станете свесни што се случува, побарајте помош и совет од пријател, семејство или стручњак. Тешко ќе побегнете од оваа ситуација ако немате поддршка.

Откако ќе го оставите партнерот, треба да се погрижите за својата осаменост. Не онаа поради која се чувствувате лошо бидејќи не сте сами, туку осаменост која сами ја бирате. Ова може да ве излечи и да ви помогне да се откриете себе, подобро да се запознаете себе и другите луѓе да ве пронајдат.

Во минатото можеби се плашевте од осаменост, но изборот да бидете сами е нешто сосем друго.

Емоционалната нерамнотежа може да создадат многу луѓе во текот на животот, имајте на ум дека тоа ќе ви се случува.

Овие искустава учат и ви овозможуваат да станете појаки. Ништо не е бесплатно или попусто, но нема да се повтори, ако ја научите лекцијата.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: