Драги дами, залудно се трудите да го менувате мажот, така само ќе го избркате

На сите ни е познато дека зад секој јак маж стои јака жена.

Ако од раѓање имате малку повеќе вистинска женска енергија, тогаш треба да обрнете внимание на некои работи ако сакате покрај себе да имате јак маж. Залудно е да ги покажувате своите хирови и да вршите притисок на јакиот маж, залудно е да се обидувате да го негувате по своја желба, така само ќе го избркате од себе.

Залудно е секој ден да се шминкате, да ги менувате фустаните за да изгледате убаво за својот маж. Ако не поседувате женственст и внатрешна убавина, нема да го задржите мажот покрај себе, мора вие да бидете подготвени на огромна работа на себе, мора да бидете подготвени да се менувате или прилагодувате, а не само да очекувате од мажот да ви се прилагоди на вас.

Обидете се малку подобро да ги анализирате жените на успешните мажи. Ако внимателно ги набљудувате ќе видите дека тие поседуваат некои многу важни особини. Тие имаат внатрешен мир и самодоверба. Секогаш се опуштени, дури и кога ви се чини дека не се.

Отворени се и не се плашат од она што доаѓа утре. Подготвени се да одат напред и со восхитување да примат се’ она што им се нуди, се’ што нивниот сопруг нуди. Тие се како вода. Течат слободно и опуштено. Знаат дека заслужуваат се’ најдобро и не се срамат да примат она што им се нуди.

Тие ништо не бараат и не инсистираат, туку прифаќаат се’ со благодарност и мир. Набљудувајте ги и обидете се да ги почувствувате какви се тие силни жени. Вдишете ја својата женска енергија, работете на себе и знајте дека секоја лага и секое неверство ќе донесе лоши работи во вашиот живот и вашата врска.

Биди своја, покажи се себеси онаква каква навистина си и секој маж тоа ќе го цени, а ако сакаш некој да менуваш, почни од себе. Само ако си подготвена да работиш на себе и да се менуваш и да се прилагодуваш себеси, можеш да очекуваш и другите да се менуваат и да се прилагодуваат за тебе.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: