9 хормонални пореметувања кои го менуваат вашиот физички изглед

Хормонскиот дисбаланс или хормонското пореметување може да има различни последици и меѓу другото, може да го промени и вашиот физички изглед. Хормонската рамнотежа можат да ја нарушат многу различни фактори.

На пример, хормонската нерамнотежа може да биде последица на лошата работа на егзокрините или ендокрините жлезди

Еве како вашиот изглед може да се промени поради хормоналното пореметување.

1. Акни

Дали страдате од акни и покрај тоа што одржувате добра хигиена? Тогаш тоа би можело да биде последица на хормонска нерамнотежа. Исто така, лошата прехрана или нередовниот циклус можат да доведат до акни.

2. Зголемување на телесната тежина поради хормонска нерамнотежа

Секој кој очигледно ќе се здебели без причина треба да се прегледа за да се утврдат причините. Тоа може да биде хормонско пореметување

Ако не сте го промениле начинот на живот, а сепак многу добивате или губите на тежина, тоа може да биде последица на пореметување на рамнотежата на хормоните.

Во тој случај ќе ви биде многу тешко повторно да изгубите или да добиете на тежина.

3. Голем умор

Ако хормонската нерамнотежа ве носи до умор и недостаток на енергија, тоа ќе се одрази и на вашиот изглед и ниво на енергија. Секако и пореметувањето на спиењето може да биде причина.

Ако спиете доволно, а и понатаму се чувствувате уморно, треба да испитате.

Често за тоа е одговорен хормонот прогестерон. Дали сте секогаш уморни и имате проблем со концентрација? Направете анализа на крвта

4. Прекумерно потење

Исто така и прекумерното потење може да биде предизвикано од хормонската нерамнотежа. Секако, многу други причини можат да доведат до тоа.

Меѓутоа, ако страдате од валунзи и постојано се потите, треба да се прегледате.

5. Темни кругови околу очите

Дали ги имате и се појавуваат без очигледни причини? Можеби е тоа поради хормонската нерамнотежа која влијае на вашиот изглед. Големи се шансите дека ќе се борите и со постојан умор.

Хронична несоница може да го предизвика хормонот тестостерон кај мажите и прогестерон кај жените.

6. Депресија

Депресија може да биде предизвикана од хормонални пореметувања, меѓу другото, посебно кај жените кои минуваат низ менопауза, во текот на бременоста или во тек на менструација.

Ако се чувствувате тажно или лошо, вашите хормони можат да бидат одговорни за таа состојба.

7. Промени во градите

Хормонскиот дисбаланс исто така може да доведе до промени во градите. Ако нивото на естроген е повисок или многу низок, ткивото на градите може да се промени.

Премногу естроген исто така може да направи ‘топчиња’ во градите, во тој случај секако треба да одите на лекарски преглед.

8. Губење на коса

Многу честа последица на хормонската нерамнотежа е губење на косата. Тоа секако влијае на вашиот изглед.

Размислете, за да ги утврдите точните причини, ако е потребно, да се започне со лечење.

9. Необично многу влакна по телото

Кога количината на влакна на телото се зголемува, обично позади тоа стои некој хормонален проблем, посебно кај жените. Темни влакна по градите, вратот, грбот, рацете и други подрачја знак е на хормонска нерамнотежа, посебно кај жените.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: