Како да се надмине емоционалниот слом?

Неуспехот во надминувањето на емоционалниот слом може да има длабоки последици, но исто така можно е да се надмине ако тоа го сакате.

Ако премногу се фокусиравте на една личност, веројатно ќе ви биде тешко да го надминете емоционалниот прекин. Затоа што сметавте дека другите ве надополнуваат, што чувствувавте дека другите ги надополнувате, затоа и ќе се чувствувате непотполни кога ќе дојде до прекин на емоционалната врска.

Како се случува емоционалниот слом?

Сите во еден момент сме доживеале емоционален слом. Било да се работи за пријателство кое се прекинува, било саканата личност да се замине или дошло до друг емотивен прекин на материјално ниво, на пример губење на работа. За да го надминете, прво треба да го препознаете. Сфатете дека нешто повеќе ве погодува, повеќе отколку што е добро за вас. Сфатете дека сте преоптеретени со емоционалниот слом и дека тој во секојдневниот живот ве заокупира повеќе отколку што треба.

Прифатете што се случило

Прифаќање на она што се случило е најтежок дел кога е во прашање надминување на емоционалниот слом. Во почетокот ќе одбиваме да прифатиме она што се случило, ќе се лутиме а потоа ќе настапи депресија. Меѓутоа, стварноста е таква каква е. Сепак можеме да имаме надеж, кога е на пример крај на врската. Ако размислуваме за можностите за друга врска, ќе знаеме што не чинеше. Нормално е да се доживеат повеќе непријатни чувства и емоции. Меѓутоа, тоа не значи дека мора да бегаме од нив или да ги прикриваме. Мора да ги погледнете и да ги прифатите. Дури тогаш мора да одиме напред.

Не ги потиснувајте своите чувства

Не треба да ги криете и потиснувате своите чувства бидејќи тоа може да биде контрапродуктивно. Идеално е да ги искажете, а секоја личност тоа го прави поинаку. Некои ќе се одлучат да разговараат со пријателите, други да се исплачат, а трети накратко да се изолираат.

Кога ќе се обидете да го надминете емоционалниот слом, побарајте формула која ќе ви помогне да добиете она што сакате. Ако сте еден од оние кои се изолираат, не излегувајте со пријателите за да заборавите она што се случило. Ова само ќе ги зголеми емоциите кога сте сами.

Во културата во која живееме, научени сме да покажуваме пријатни чувства, но и да ги криеме непријатните, можеби затоа што на другите им предизвикуваат непријатност. Меѓутоа, време е да застанеме и да го искажеме она што го чувствуваме, кога тоа ќе го чувствуваме. Без осуда и без огранучување на слободата која ја имаме.

Фокусирајте се на она што ве мотивира.

Кога претходните чекори се завршени, доволно е да се фокусирате на емоционалната пауза. Време е да се фокусираме на се’ друго што имаме. Тоа може да биде некој личен проект, хоби, работа, деца.

Многу луѓе веруваат дека нивниот живот се врти околу нивната врска. Тогаш ако дојде до прекинување на врската, тие повеќе не знаат каде да одат. Важно е да се свртиме околу себе и да обрнеме внимание на она што не’ мотивира.

Ако ние не успееме да ја промениме перспективата и паузата ни претставува преголем терет, треба да се побара стручна помош. На крајот, се работи за односи, други луѓе, работи итн. Тие се само дел од нашите животи- но не и негов центар.

Животот оди понатаму!

Природно е кога поминуваме низ емоционален слом, да веруваме дека се’ околу нас се руши. Но, без оглед колку е тешко на почеток, животот оди понатаму. На крајот е се’ решено. Со тек на време учиме од свое искуство, тоа не’ прави посилни и продолжуваме со животот. Бидејќи ништо не завршува со емоционален слом. Во некои случаи тоа значи нов почеток полн со прилики.

Ние сами сме центар на својот живот и околу нас постојат неколку центри на интересирање кои на нашиот живот му даваат смисла (работа, семејство, хоби..) Ако се прецени едно од нив, тоа ќе му донесе голема болка, ќе се распадне. Но, мора да го надминете емоционалниот слом. Животот оди понатаму.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: