Спротивно од љубовта не е омраза, туку рамнодушност- јасни знаци на женска рамнодушност во бракот

На некои жени не им е проблем да бидат во брак со маж кон кој негуваат силни чувства.

Причина за такво однесување може да биде различно, досада, поради интерес или затоа што сакаат да им угодат на родителите. Сепак, кога се во врска или брак ако се јави рамнодушност кај жената, тоа никако не е мала работа. Постојат многу очигледни знаци на женската рамнодушност кои мажите не ги забележуваат и не име даваат премногу внимание.

1. Кога жената ќе почне да чувствува рамнодушност кон мажот, таа престанува да се интерсира за него и неговото расположение. Повеќе не ја интересира каде и со кој оди и со кој го поминува времето. Таа комуницира воглавно кога нешто треба или ако нешто се случило што тој треба да знае. Оние спонатани разговори кои постоеле, стануваат вистинска реткост.

2. Кога жената е рамнодушна кон мажот, таа повеќе не се труди да му удоволи или да го направи среќен. Повеќе не се плаши дека може да го изгуби.

3. Кога жената е рамнодушна таа може да исчезне на некое време, без објаснување и да се врати без ниту малку грижа на совест и чувство на вина.

4. Кога жената се чувствува рамнодушно кон мажот, не постои ништо што може да ја навреди. Дури и непочитувањето и навредата од страна на мажот.

5. Кога жената е рамнодушна кон мажот, таа без проблем, дури и пред него, ќе зборува и за други мажи. Само е прашање на време кога таа ќе се сврти и ќе замине, бидејќи е јасно дека кон својот маж повеќе не негува никакви чувства.

6. Рамнодушната жена повеќе не гледа ништо позитивно во бракот. Таа често зборува негативно за се’ она што порано не беше важно.

Кога сака таа е во состојба да премине преку се’ и да трпи се’, но кога жената ќе стане рамнодушна, ништо повеќе не може во неа да ја разбуди онаа љубов која порано ја негувала кон својот маж. Затоа драги мажи бидете внимателни и не предизвикувајте рамнодушност кај жените.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: