Фибромиалгија: болка која општеството не ја разбира

Фибромиалгија е позната како болест од страна на светската здравствена организација. Денес фибромиалгија има 4% од популацијата, од кои 90% се жени.

Позната е како ‘невидлива болест’ која влијае на сите меки ткива на мускулно-коскениот систем и не може лесно да се дијагоностицира со медицински тестови. Фибромиалгијата не се гледа. Таа не остава трагови на кожата ниту создава рани кои другите можат да ги видат. Погодената личност страда во тишина, а понекогаш и’ префрлаат дека ја умислува својата болест.

‘Фибромиалгија е исклучително напорна болест: не знам во каква состојба ќе се разбудам, дали ќе бидам во состојба да се движам, дали ќе се смејам или само ќе плачам..Она што знам е дека не се преправам: страдам од хронична болест’

Биологијата на оваа болест моментално е непозната. Меѓутоа она што знаеме е дека секоја година се дијагностицираат се’ повеќе луѓе. Еве некои основни смерници за да можете да се соочите со оваа болест и да се подобри квалитетот на вашиот живот што е можно повеќе.

Фибромиалгија: вистинска болест која не се гледа

Кога некој не може да излезе од кревет бидејќи чувствува како ‘вжештени игли’ го дупат цело тело, таа личност не лаже никој, ниту бара изговор да не оди на работа. Оние кои страдаат од фибромиалгија не само што ја поднесуваат својата болест туку и општественото неразбирање во светот кој верува во она што го гледа.

Главниот проблем е дали оваа болест има психолошко или органско потеколо.

Можно потекло на фибромиалгија

Потребно е најпрво да се појасни дека нема медицински докази кои ја поврзуваат фибромиалгијта со психијатриските болести

Некои автори спомнуваат дека околу 47% пациенти со фибромиалгија страда од анксиозност и посттраумтско стресно пореметување, меѓутоа, мора да земеме во обзир дека оваа психолошка димензија може да има сопствен одговор на болката на самата болест

Според некои истражувања на пациентите кои имаат фибромиалгија, тие доживуваат зголемена чувствителност на секојдневните сензорни стимуалции.

Овие истражувања со помош на магнетна резонанца откриваат дека кога се изложени на визуелни, тактилни, олфакторни или аудитивни дразби, одредени регии на мозокот страдаат од прекумерна стимулација.

Луѓето со фибромиалгија имаат зголемен број на крвни садови во сензорните нервни влакна, така да секоја дразба или промена на температура ги доведува до тешка болка.

На тој начин се влегува во маѓепсан круг каде психолошкиот фактор ја зголемува болеста од органско потекло. Затоа е вредно да се контролира емоционалната димензија, за да се ублажи или барем да се ‘контролира’ етиолошкото потекло.

Психолошки стратегии за решавање на фибромиалгија.

Хроничната болка е дел од нашите општествени стварности, а фибромиалгијата е екстремен пример за тоа. Сега кога знаеме дека факторите како стрес или тага го зголемуваат чувството на страдање, важно е да се внесат некои основни стратегии на соочување кои можат да ни помогнат.

5 совети за постигнување на подобар квалитет на живот

Прво, мора да разјасниме дека овие стратегии нема да им помогнат баш на сите. Мора да се пронајдат оние стратегии во кои функционираат и вашите потреби. За да го направите тоа, испробајте ги и одберете ги оние кои ви даваат најдобро олеснување.

  1. Сфатете ја својата болест. Тоа значи да се биде во контакт со специјалисти, доктори и психолози. Ни требаат мултидисциплинарни третмании за да ја разбереме фибромиалгија. Така ќе бидете сигурни и подготвени.
  2. Заземете позитивен став во својот живот. Знаеме дека не е лесно, но наместо да реагирате на болка, прифатете ја и третирајте ја, наместо да се чувствувате депримирано. Не се воздржувајте од разговор со луѓето кои страдаат од иста болест, не се изолирајте или не бидете лути на оние околу вас.
  3. Побарајте активности кои ви овозможуваат да се носите со стресот и нелагодата: постојат многу прикладни техники на опуштање кои можат да ви помогнат. Јога исто така може да биде корисна
  4. Никогаш не губете контрола над својот живот, не дозволувајте болката да ве контролира. За да го направите тоа, секој ден создавајте слободни моменти, без оглед колку се кратки.
  5. Обрнете внимание на своите емоции, своите размислувања и својот јазик. Она што мислиме и чувствуваме има директно влијание на болеста. Ако кажеме работи како ‘не можам да станам, ‘ова нема решение’ или ‘немам сила’ тоа ќе го зголеми вашето страдање.

извор: gedankenwelt.com

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: