Ви го пренесуваме текстот на украинскиот психолог Elena Shpundre, која покажува како на љубовта гледа зрелата жена.
‘Имам 42 години и одвреме- навреме сакам да кажам дека верувам во љубов, романса или во среќа до крајот на животот. Кон мажите сум воглавно отворена и без воздржување им ставам до знаење што сакам, а што не.
Исто така без многу ‘од околу’ им велам да одат по ѓаволите.
Не бев отсекогаш таква. Им угодував на мажите, им готвев, им купував подароци, чекав нивни пораки, бев подготвена со нив да одам до крај на светот. Секој пат, бев подготвена да им се дадам поради љубов. Но, ако не сум подготвена повеќе, значи ли тоа дека повеќе не можам да сакам?
Кога сме помлади, воглавно се бараме и тоа може прилично да боли. Некогаш е потребно да се истражат границите, да се преиспиташ себе, за да знаеш кој си.
Зрелоста е време кога навистина ќе се сретнеш со самиот себе. После млдалачката заслепеност и размислувањето за жртвувањето, почнуваме да живееме за себе.
Тоа значи дека не ни беше потребен никој друг. Дали станавме посупешни, свртени кон себе, полни со самодоверба или осамени ? Не
Сакаме љубов, топлина и односи полни со разбирање исто како кога имавме 20 год. Но, до сега научивме дека во здрава врска сите тие работи се реципрочни.
Затоа овие работи не ги правам повеќе:
Не чекам пораки и повици од мажите
Или прва ќе пратам порака или ќе ги исклучам од животот оние кои немаат време ниту да ми се јават или да напишат дека се зафатени.
Не сакам да одам на состанок, ако местото и времето не ми одговараат.
Ако мажот не е заинтересиран за тоа колку е жената зафатена, за нејзините желби, удобност, тоа никако не е добро. Токму таков маж не и’ е потребен.
Не му простувам ако не ми купи подарок за роденден
Сакам мажи кои трошат пари на жената која ја сакаат. Луѓето кои се скржави за пари обично се скржави и за се’ друго. Уште ако не го запомни датумот кој е важен за неговата партнерка, покажуваат колку не ја почитуваат.
Не можам да оправдам нечиј неуспех после 40 -тата
Тоа не значи дека само барам пари. Кога бевме млади експериментиравме, се обидувавме и паѓавме, правевеме разни работи…Веќе со 40 треба да имаме каква-таква кариера и пристојно место во кое живееме.
Нема да премолчам ако нешто не ми се допаѓа
Нема да излудам маж со постојани мрчења и нема плачки. Но, ако не сакам брзо возење, ако тоа ме плаши, нема тоа да го премолчам. Нема да давам никакви сигнали, нема да чекам тој да забележи, нема да се бунам, ќе кажам отворено: ‘Немој да возиш пребрзо, те молам. Тоа ме плаши’.
Не се плашам да поставам прашања. И подготвена сум на било каков одговор.
Кога бевме помлади, се плашевме да поставиме било какво прашање кое се однесува на нешто што не разбираме. Не сакавме да се изложиме на стрес, се плашевме дека ќе бидеме повредени или дека ќе го уплашиме. Но, токму со тој недостаток јасно се повредувавме себе. Не сакам повеќе да бидам повредена и затоа сум подготвена се’ да разјаснам.
Повеќе не мешам секс со љубов
Сексот може да биде поврзан со љубов. Од друга страна, не мора да има никакви допирни точки со љубовта.
Љубовта за мене е кога молчи наутро, бидејќи јас сакам тишина; кога запомнил како моето куче се вика и колку коцки шеќер ставам во кафето; кога ми го поправа лаптопот или нешто се расипало; кога ќе ме изненади со нешто убаво…Ако нема ништо од ова, тоа значи само дека спиеме заедно.
Не сум љубоморна на неговите пријатели ниту на неговата работа.
Или на неговите деца од претходниот брак. Ако мажот ме сака, тој ќе најде време за мене. Можам тоа да го прифатам бидејќи и јас имам работа и постојано сум зафатена. Ако и двајцата имаме време еден за друг, тоа значи дека е се’ во ред- нашата врска ќе опстане. Ако само јас наоѓам време за него, а тој е секогаш зафатен, тоа никако не е добро и покажува дека е време за промена.
Не пеглам негови маици и кошули. Не сакам да пеглам.
Не сакам да ги пеглам ниту своите работи, а камоли туѓи. Одбивам да работам било што за мажите, ако тоа инаку не сакам да го работам. Ако ме сака, ќе ја испегла својата маица.
Не се трудам да изгледам подобро поради мажот.
Всушност, кога ќе запознам некој нов, можам да бидам и цинична, премногу искрена. Не се срамам да разговарам за своите проблеми и потешкотии. Некој кој тоа го сака, може секогаш да дознае повеќе за мене.
Имам скоро 42 години и како стебло од бамбус сум. Директна, јака, флексибилна и немам многу барања. Тешко е да ме скршиш, да ме наштимаш според својата волја или да ме искорениш. Потешкотиите на животот не зацврснаа и сеуште сакам да сакам. Едноставно не сум подготвена да се жртвувам за некој.
Љубовта е создавање, не деструкција и жртвување.
Leave a Reply