Ако сакате да бидете сакани, мора да научите да сакате -7 совети на Далај Лама за несреќни жени

‘Пред некого да осудите, одете по неговиот пат, вкусете ги неговите солзи и почувствувајте ја неговата болка. Удрете во секој камен на кој се сопнал и дури тогаш можете да кажете дека знаете како да живеете правилно’. Далај Лама

Во продолжение прочитајте некои од неговите лекции за среќата кои можат да бидат од голема помош на сите несреќни жени.

1. За оние кои не знаат како да ја најдат среќата; ‘Кога треба да донесете некоја одлука, запрашајте се дали таа одлука ве прави среќни. Ова прашање го префрлува нашето внимание од она што самите себеси си го скратуваме на она кон кое тежиме. Не е среќа да се биде по секоја цена во близина на саканата личност. Но, поради тоа мора да ги жртвувате некои работи кои вас ви се важни, а тогаш се’ губи смисла’.

2. За оние кои даваат повеќе отколку што примаат; ‘Запомнете дека најдобри се оние односи во кои вашата љубов еден кон друг ги надминува вашите потреби еден за друг. Луѓето се создадени да се сакаат, а не да се искористуваат. Жената треба да биде среќна покрај својот маж, а не да му биде куќна помошничка и куварка’.

3. За оние кои се несреќни во врските; ‘Не ни требаат повеќе пари, не ни треба совршен изглед, па дури ниту совршен животен партнер- токму сега, во овој момент, имаме ум, кој е неопходно и доволно средство за постигнување на полна среќа. Среќата барајте ја во себе. Не во совршениот партнер и во богатство’.

4. За оние кои не сакаат да бидат повредени; ‘Започнете го утрото со мисла: ‘Денес сум среќна бидејќи… Барајте позитивни работи во животот. Уживајте денес и бидете благодарни на мали работи. На вас е да одлучите што ќе правите со својот живот’.

5. За оние кои очајнички сакаат да пронајдат љубов; ‘Кога ќе се најдете во ќорсокак, морате час, ден или дури и неколку дена да размислувате за тоа како е најдобро да ја постигнете среќата, а потоа да ги поставите приоритетите на нов начин’.

Ако никако не успеваме да го запознаеме вистинскиот маж почнуваме да очајуваме и мислиме дека проблемот е во нас. Тогаш мора да застанеме и да размислиме што треба да промениме. Секој од нас има се’ што му е потребно да биде среќен, само треба да знаеме да се разбереме себеси и да бидеме потолерантни.

6. За оние кои се разочарани во љубовта; ‘Топлината и љубовта која ја даваме многу се поважни од топлината и љубовта која ја примаме’.

Дури тогаш делиме топлина и љубов, наоѓаме услови за вистинска среќа. Од ова следи дека да се сака е поважно од да се биде сакан. Со време односите се менуваат, а колку љубовта ќе трае зависи од тоа колку жената е способна да сака.

7. За оние кои не добија она што посакуваа; ‘Понекогаш е поголема среќа да не добиеш она што сакаш, отколку да добиеш.’

Ако нешто добиеме веднаш, ја пропуштаме приликата да добиеме нешто повеќе. Понекогаш она што сакаме не е она што ни е потребно, затоа колку и смешно да звучи, понекогаш е вистинска среќа да не добиеш она што сакаш.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: