‘Мојата чувствителност ме издава. Ако си дозволам себеси да се заплачам пред некој, се чувствувам ранлива. Ако ве гушкам и ме одбиете, се чувствувам безначајно. Ако посакам да бакнам некој, а тој ми се тргне, се чувствувам дека е погрешно да се покажат чувства.
Но, покажувањето на чувства кон друг човек, животните или уметност: музика, убавина на слика или скулптури, не е знак на слабост. Тоа е знак на интелигенција во секој од нас. Затоа никогаш не треба да се срамиме поради она што сме, што чувствуваме и да ги покажуваме своите чувства.
Ако ви е срам или ако се чувствувате како личност од првиот параграф погоре – запрашајте се зошто.
Високо чуствителни луѓе ги имаат следниве карактеристики:
‘Сеќавањето е лесно за некој со памтење, заборавањето е тешко за некој со срце’
Габриел Гарсија Маркез
Луѓето со зголемена сензуалност
Некои луѓе се прилично сензитивни на околината. Тие се способни да разберат се’ што се случува, внимателно набљудуваат, а понекогаш и чувствуваат што другите луѓе мислат или чувствуваат и кој е нивниот следен чекор.
Чувствителност на енергии од околината (посебно на личноста од околината)
Критикувањето на многу чувствителна личност е лоша идеја, бидејќи тие ја препознаваат енергијата на луѓето околу себе и знаат дека негативните критики доаѓаат од негативни луѓе: овие луѓе се чувствителни на енергија, па подобро немојте ‘да делите своја памет’ ако ви е целта да ги повредите или понижите.
Тие можат совршено да ве прочитаат. Конструктивна и интелигентна мислење и коментари им се добродојдени.
Чувствителните луѓе ги забележуваат деталите во било кое опкружување: мириси, бои, звуци, однесувања на луѓе итн. Многу гласни звуци и места со поголем број на луѓе често прават да се чувствуваат непријатно.
Од друга страна, нивната способност на внимателно набљудување и упивање на детали им овозможува вистински да уживаат во убавината и атмосферата на местото, мирот, деликатните звуци итн.
Тие уживаат во моментите на осама
На високо чувствителните луѓе им е потребно време за себе, за размислување за своето постоење и животот и за трагање по одговори на прашањата кои често себеси си ги поставуваат.
Тие ги живеат своите страсти
Кога развиваат страст за нешто, нивниот ангажман е огромен и тежнеат да го пренесат тој ентузијазам и на луѓето околу себе, бидејќи страста е заразна. Сакаат да пренесат позитивна енергија на луѓето и да уживаат во секој момент во животот. Ова се личности кои ќе ви дадат најдобро објаснување што значи живот во сегашниот момент.
Чувствителните луѓе чувствуваат подлабоко и поинтензивно од просечната личност. И не само што чувствуваат она што моментално ви проаѓа низ главата – туку и она што се плашите да помислите.
Висока сензитивност и интелигенција
Чувствителноста кон убавината, луѓето, местата и окружувањето е заедничка карактеристика на интелигентните луѓе. Многу студии покажале дека надарените и талентираните возрасни личности имаат високо ниво на чувствителност поради супериорни естетски способности.
Не ја потискајте својата сензитивност, таа е дар. Покажување на чувства и чувствителност не е знак на слабост, туку сила. Без чувствителност, нема да можеме да се соочиме со проблемите и да пронајдеме решение. Ги пуштаме секојдневните проблеми потполно да ни ги окупираат умовите, но многу е важно да се пронајде момент за себе и да се биде во сосотојба да се поврземе со нашето најдлабоко битие.
Сензитивност е показател на интелигенција, начин на кои набљудуваме, сфаќаме, го гледаме светот и уживаме во него.
Leave a Reply