Од негов агол: Срце на stand by

Секој од нас бил во ситуација кога ќе се појави нешто што те притиска, размислуваш многу отколку што е потребно, а всушност не треба да ти е гајле, бидејќи не те допира тебе. Ниту малку. Уште повеќе, тоа за тебе е многу апстрактно. Но во еден момент ќе бидеш итекако вовлечен во таа проблематика, која повторувам не те допира.

Но, затоа жената од спротивната страна, оваа проблематика ја допира директно, одлучува дека наводно сама ќе се носи со се’ и треба тебе да ти олесни. И ќе исчезне без зборови или објаснување. Веројатно ќе одлучи дека не сака ти да го трошиш своето време и емоции, бидејќи кобајаги многу си и’ важен. Или одлучила дека таа тоа сама ќе го надмине. Ќе те отфрли. Игнорира. Ќе се повлече во себе.

Далечината од почеток значи болка

На почеток си збунет, тажен но пред се’ загрижен, можеби повеќе отколку што треба да бидеш. Во главата имаш секакви сценарија и секој е полош од лошиот. Дали тука станува збор за вистинска загриженост бидејќи е тоа жената која тие блиска на срцето?

И тогаш почнуваш да ја проколнуваш и да мислиш дека те игнорира, дека се игра со тебе и што уште не. Исто мислиш дека престана да и’ бидеш важен. И уште тоа ќе и’ го кажеш. Но, таа нема да се огласи. Потоа доаѓа онаа фаза кога би ја ‘тепал’ за да ја опаметиш. Да и’ покажеш дека некој вистински се грижи и дека тебе те боли таквото однесување. Те боли мочењето, те боли маглата во која си ставен.

И тогаш ќе дојде денот кога ќе го смириш срцето, неговото влијание ќе го смалиш на минимум а ќе го засилиш мозокот на најјако. Доаѓа ден кога немаш повеќе сила да размислуваш. Немаш повеќе сила да чекаш. Тогаш стануваш ‘ладнокрвен’ и разумен.

Ќе дојде тој ден кога ќе сфатиш дека не можеш да вијаеш на луѓето и нивните одлуки. Кога ќе сфатиш дека секој има право на своја приватност и на донесување на сопствени одлуки. Секој има право да каже на глас што сака или да го задржи во себе истото. Има право и да го промени мислењето. Дека не можеш да се мешаш таму каде што некој друг не ти дозволува.

Во некој момент недостасувањето станува заборав

Знам мислиш дека не е фер…Прво си вовлечен во добар дел од приказната и тогаш добиваш нога во грбот. Но, донекаде е фер. Можеби нема што да бараш повеќе таму. На крајот…И ти си таков. И ти заминуваш да се соочиш сам со себе некаде далеку, скриен од сите погледи. Иако, за разлика од таа жена, ти тоа можеби го лечиш сам, а на другите им сервираш своја лажна насмевка, не бегаш.

И ти не сакаш луѓето да видат колку си слаб. Вистина, ќе им биде полесно ако таа жена се врати. И неа ќе и’ биде полесно, но…Нема.

Знам, не сакаш. Сакаш да го свртиш грбот и да си заминеш. Да го заборавиш сето тоа. Да го избришеш од мозокот. Знам те боли и ти го кине срцето. Сакаш да престанеш да чувствуваш и тогаш нема да те боли. Но, немој! Остани на исто место..Тука најлесно ќе те најде. А ќе те бара.

Личноста која ќе те препознае по срце секогаш ќе се врати. Ако и не се појави, ќе преживееш, како и до сега. Ќе го свртиш грбот и ќе заминеш. Да заборавиш нема никогаш, но ќе научиш една лекција и веројатно на своето срце ќе ставиш катанец, барем на некое време.

Марио

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: