Сите знаат дека Лавовите се обично горделиви, да не кажеме нарциси. Но, самољубието и навиката на пливање во ловорики не мора нужно да зборува за егоизам. Лавовите имаат друга страна, кој ја отвораат само на најблиските.
Кралевските предатори се грижливи, нежни и верни во кругот на семејството. Можеме дури да кажеме дека Лавовите се најдобри родители и сопружници во зодијакот!
Верност
Лавовите се многу верни. Никогаш не се пријаели со некој од кроист и тие ценат долго, вистинско пријателство. Ценат кога постојат луѓе покрај нив кои можат да ги разберат.
Лавот никогаш нема да дозволи некој да ги понижи во нивно друштво. Секогаш ги штити членовите на семејството и пријателите посебно покрај луѓе кои не ги познава.
Амбиции
Лавовите се исклучително амбициозни луѓе. Сакаат борба, секогаш си поставуваат себеси по малку нереални цели и се борат се додека не ја постигнат својата цел. Исто е најважно, тие знаат зошто сакаат она што го сакаат и која е крајната цел на нивниот план.
Љубов кон животот
Лавовите обично имаат силна љубов кон животот што се подготвени да направат било што за да испробаат нови работи, да стекнат ново искуство или да видат нешто што порано не виделе. Тие сакаат да пробаат нова храна, да се качуваат на планина и да ги гледаат ѕвездите ноќе на небото.
Оптимизам
Лавовите се непоправливи оптимисти.
Родени се среде лето и тоа е совршено време да бидете безбрижни, сензуални и весели.
Искреност
Лавовите многу ретко лажат. А блиските луѓе никогаш не ги лажат. И што е најважно: Лавовите не се лажат самите себе. Затоа, тие никогаш нема да ве озборуваат. Ако на Лавот не му се допаѓа нешто, тој има сила тоа директно да ви го каже во лице.
Друштвеност
Лавовите се луѓе кои секогаш знаат се’ и се познаваат со сите со кои ќе се сретнат. Лесно водат разговори со било кој и за било што. А потоа со нив воспоставуваат длабоки, искрени односи без било каков проблем.
Поради тоа, ако имате проблем, можете сигурно да се му се обратите на Лавот за помош. Веројатно имаат пријатели со кои можат да решат било кој проблем.
Љубов
Срцето на Лавот сака искрено, страствено, безусловно и без вртење грб. Затоа ако Лав е ваш партнер, не можете да се запрашате дали ве сака навистина или не.
Но, имајте на ум дека Лавовите секогаш очекуваат реципроцитет.
Leave a Reply