Твојата гордост, твоето его и твоите себични потреби ја наведоа да те остави. Требаше да и’ купиш цвеќе, да ја држиш за рака, а наместо тоа ја пушти да замине. Ја земаше нејзината љубов здраво за готово и мислеше дека таа ќе биде тука засекогаш. Не ја очекувај нејзината љубов ако не си подготвен да ја возвратиш истата. Не ја игнорирај кога ти посветуваат внимание.
Не ја терај да се чувствува глупо, бидејќи сака некој како тебе. Не биди причина поради која таа секоја ноќ не спие бидејќи си тука, но со мислите си далеку од неа. Немој да ја тераш да се чувствува дека не е доволно добра. Ако ти се допаѓа направи нешто, кажи нешто.
Пкоажи и’ дека ти е важна и дека секогаш ќе ја бираш само неа. Покажи и’ дека е приоритет, одвои време за неа. Не ја држи покрај себе само да ти се зголемува самодовербата. Не ја разочарувај, не ја повредувај, бидејќи таа никогаш нема тоа да ти го направи тебе.
Ако барем малку ти е важна и ако не можеш да и’ возвратиш љубов -пушти ја. Цени ја и почитувај ја, или некој друг ќе ја сака и почитува онака како што заслужува. Таа сака ти да ја сакаш, да ја посакуваш на ист начин на кој таа те сака тебе.
Таа е во сосотојба трпеливо да чека, но нема да чека засекогаш. На жената и’ е потребна причина да остане во твојот живот, а ако не го најде покрај себе, ѕогаш потруди се и дај и’ причина поради која ќе остане покрај тебе.
Leave a Reply