Од женски агол: На жената и’ е поважен еден бакнеж и нежен допир отколку вашите пари

Мажите се уморни од комуникација, жените се уморни од осаменост.

На жените им е потребна постојана комуникација со мажот, бидејќи тоа за неа е гаранција за сигурност.

На жените им е потребна љубов, потребно им е некој да ги сака, потребна им е блискост со мажот. Жената преку разговор разменува емоции, свои желби и потреби, а мажите тоа често го игнорираат и често не се расположени да разговараат со своите жени, бидејќи сакаат после напорната работа да дојдат дома и да се одморат.

За жената е многу важно да го чувствува постојаното присуство на својот маж покрај себе. Таа сака мажот да ја допре нежно, да ја бакне, да и’ се јави во текот на денот или да и’ прати порака. За жената, еден бакнеж и нежно гушкање е поважно од статусот на мажот и сите негови пари.

Постојаната близина за жената е гаранција дека нејзиниот маж ќе и’ помогне и ќе ја заштити кога ќе и’ биде потребно. Токму недостатокот на физичката топлина е еден од најчестите причини поради кои жената се одлучува на неверство. Тие во другите мажи бараат она што не добиваат од својот маж.

Жените ќе се омажат за оние мажи кои можат ги заштитат и со кои ќе имаат среќен брак. На жената не и’ е потребен незрел и наметлив маж за кој мора да се грижи како за дете. Неа и’ е потребен оној кој ќе застане во нејзина одбрана и кој ќе се грижи за неа како малку вода на дланка.

Многумина мислат дека на жената и’ е потребен самоуверен, дрзок маж со дебел новчаник. Не! На жената и’ треба маж кој ќе ја гушне, нежно ќе ја бакне и кој секогаш ќе биде подготвен да ја заштитит од сите неволји кои ќе дојдат на патот. Овој првиот е само спонзор, а на вистинската жена и’ треба маж кој ќе знае да ја сака онака како што заслужува.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: