Овен
За вас, ова е месец на создавање. Вашата креативна природа ќе достигне најголемо ниво и остварувате нешто што ќе ви користи. Од самиот почеток на месецот, без губење на време, се подготвувате за имплементација на идни проекти, а позитивните вибрации ви носат движечка енергија. Стекнувате неочекувани познанства, ја користите секоја прилика, вашата желба за успех е изненадувачка. На поле на работата ви ласкаат, а во личниот живот се обидуваат да ве заведат. Верувајте им на своите инстикти, интуицијата помага да направите избор. Околу 18.11 ќе се соочите со стресната ситуација, но без оглед на се’ ќе успеете да останете мирни и ќе избегнете судири. Ѕвездите го поддржуваат вашиот избор во љубовта. Чувствата попримаат длабочина, а вие покажувате доволно волја да изградите вистинска врска. Бидејќи ништо не ви смета, ги откривате своите емоции на најмилите без никакви ограничувања. Резервирајте моменти на задоволство за себе: одете на излет, сами или во пар. Совет- Многу сте отпорни на делувањето на енергијата, но овој месец се чувствувате одлично. Не чекајте нешто да ви се случи само од себе, туку обидете се да направите прв чекор. Ноември е месец на можности, храбро во нови победи без сомнеж!
Бик
Фокусирајте се на професионалните проекти. На почетокот на месецот вашата мотивација нема да биде на завидно ниво. Дозволете си себеси да бидете мрзливи, атмосферата околу вас е прилично топла и се чини дека сте во пријатна чаура, но престојот во зоната на комфорот нема да ви донесе среќна иднина. Околу 13.11 ве очекуваат некои мали неволји со финансиите: ова нема да го избегнете, но можеме со сигурност да кажеме дека се’ ќе држите под контрола и дека ќе се носите добро со новата ситуација. На професионален план на крајот на месецот ќе се случат големи промени и остварување на старите планови. Планетарниот аспект наговестува хармонична ситуација на полето на љубовта, а за тоа ќе биде одговорна поволна комуникација. Околу 19 и 23.11 идеално е време за обработка и превземање на обврски. Вљубени сте и работите одат одлично. Чувствата добиваат длабочина. Дојде времето, трудете се да ја изградите својата љубов. Не ве интетесираат кратки професионални работи, потребно ви е нешто конкретно и одеднаш можат да се отворат поволни услови за вас. Ако имате било какви желби, тие ќе ви се исполнат. Совет- Направете баланс помеѓу љубовта и работата. Земете ја во обзир секоја прилика, нема да изгубите ништо во случај на промена. Ако спиете премалку обидете се да одморите.
Близнаци
Малку сте чувствителни и во овој период не е така лесно со вас. Овој месец превземете ги обврските ( професионално, семејно). Ако немате доволно волја, обидете се да се приближите на луѓето кои емитираат позитивна енергија, не се затворајте во својата чаура на емоции. Престојната зима е посебно време, смалувањето на дневното светло влијае на расположението на секој од нас на различни начини, а сега е важно да не подлегнете на негативните мисли. До 11.11 ќе бидете збунети. Отприлика околу 19.11 ќе добиете одговор кој најверојатно ќе ве развесели и ќе почнете подобро да се чувствувате. Вашиот приоритет е да работите она што сакате, да правите лични проекти, следејќи ја својата интуиција, а ова е веќе голем чекор кон успех. Вашата великодушност прави луѓето околу вас да ви се восхитуваат и можете да бидете горди на своите постапки. Иако вашите чувства често се спротивни, едно е сигурно: искрени сте. Вашата љубив расте и паѓа во првата половина на месецот, а потоа во следните петнаесет дена, ситуацијата значително ќе се подобри. Успевате да ја одржите хармонијата во романтичната врска. Семејството е покрај вас, можете да сметате на оние кои ги сакате. Совет- Во првите две недели расположението ќе помине тежок тест, а потоа ќе се смирува постепено се’, а своите емоции можете да ги насочите во вистинска насока за да ја избегнете негативната енергија. Остварувате јасен напредок и од другата половина на месецот се’ ви станува полесно.
Рак
На почетокот на месецот судири можат да се случат од никаде. Намалете и тргнете се од негативните луѓе за да бидете мирни во деновите полни со предизвици. Штом ќе забележите дека ситуацијата не се развива на поволен начин за вас, почнувате да бидете тврдоглави; наместо тоа, смирете го умот, осамете се, направете нешто добро и опуштете се. Смирувањето ќе се врати дури во третата недела од ноември. Во овој момент веќе ќе бидете подготвени за нови авантури, интензитетот на страстите се намалува, тогаш планетите ви го отвораат патот, давајќи ви можност на дофат на рацете. Конечно излегувате од својата чаура, ја тргате маската на ладнотијата и покажувате чувства. Вашиот ум е ослободен од било какви ограничувања. Вие сте слободни. Имате право да бидете со лоша волја, но само ако оваа состојба предолго трае, рискирате да ги свртите другите луѓе против себе. Ако се чувствувате виновни поради одредена ситуација, не и’ давајте големо значење и можете да ја вратите својата самодоверба. Сакани сте и сакате, сигурни сте и охрабрени од страна на партнерот. Совет- Импровизирајте, не се обидувајте да контролирате се’, покажете ги своите чувства, живејте во моментот, не мора сите да ги импресионирате. Оставете го минатото зад себе.
Лав
Вие сте еден од најсреќните знаци овој месец. Од првата недела ќе пронајдете рамнотежа. Вредноста на новите проекти расте, расте вашата сила, а минатите напори конечно се наплаќаат! Во текот на целиот месец фокусот ќе биде на професионално поле: Ќе имате сјајни идеи, посветени сте на развојот, поставувате темели за иднина. Ѕвездите препорачуваат да обрнете внимание како некои ваши обврски можат да влијаат на вашиот љубовен живот. Во третата недела ќе му се посветите на семејството. Но, ако одлучите да бидете премногу зафатени со работа, партнерот може да се почувствува запоставено. Од 23.11. можете да ја зацврстите врската и да ги исправите старите грешки. Совет- Сознанието дека сте незаменливи му ласка на вашето его и понекогаш станувате премногу напорни со барања кон оние кои ги сакате. Бидете малку повеќе флексибилни и работите ќе бидат многу подобри.
Девица
Отприлика од 9.11 се’ околу вас ќе почнува да се менува. Поминувате низ прилично поволен период: управувате со професионалниот и личниит живот како вистински воин на светлината. Меѓутоа, внимавајте да не ги премините границите, бидејќи во смисла на вашата благосостојба ситуацијата може да се влоши прилично бргу околу 19.11. Не можете се’ фантастично и перфектно да направите, тоа ќе ви овозможи да се опуштите- всушност, имате полно право да посветите малку време исклучиво себеси. Девиците со силен дух светат од радост и се трудат да поддржат, даваат услуга, не очекувајќи ништо за возврат. На полето на љубовта ве очекуваат пријатни изненадувања, но во семејството вашите планови можат да бидат пореметени со ситни расправии или недоразбирања. За да можете да размислите за можните последици, мора да се дистанцирате. Првата недела ќе биди прилично стресна, но за среќа, ќе имате поддршка на луѓето од кои ви е важно. Совет- Не се обидувајте да управувате со своите работи одеднаш, постои голем ризик дека многу бргу ќе ги исцрпите ресурсите. Заштедете ги своите резерви на енергија. Научете да се опуштите и одморите.
Вага
Како вистинска Вага, ја барате својата рамнотежа, но од 2.11 тоа ќе биде пореметено со ситуацијата која не можете да ја контролирате. Но, сепак, ѕвездите ве штитат и успевате во оние подрачја во кои сте веќе сигурни во својот пораз: ова е вистинска победа! Отприлика од 17.11 ќе добиете прилика. Планетите ви даваат многу необични перспективи ако сакате да патувате, да смените работа или да се преселите. Давајќи приоритет на остварувањето на своите цели, ја зголемувате шансата за успех. Ако тежнеете кон лагоден живот, промените кои доаѓаат ќе ја задоволат таа желба. Односите во семејниот круг се срдечни и искрени, а врските се цврсти. Отприлика од 26.11 атмосферата е поволна за нови контакти, привлекувате други луѓе. Овој период е поволен за вашата љубов, се’ глатко се развива, ќе добиете поттик во вид на животна енергија и ќе бидете привлечени како вистински магнет. Иако не знаете колку ќе трае оваа позитивна фаза, живејте во сегашниот момент и не се грижете за другото. Совет- Искористете ги сите можности кога тие ќе бидат достапни. Без брзање. Ѕвездите ќе се погрижат за се’.
Шкорпија
На почетокот на месецот вашите мисли се исполнети со сомнеж и многу прашања. Од 10.11 повторно почнувате да се движите напред, се’ во вашата глава повеќе не е толку хаотично, се’ околу вас станува очигледно. Одлучувате дека на својот живот ќе му дадете смисла и почнувате да ги организирате професионалните проекти. Внимавајте нивото да не го подигнете превисоко. Потоа доаѓа момент кога вашите лични проекти ќе ја видат светлината; се’ е совршено направено, а во се’ има љубов. Околу 21.11 стигнуваат големи промени. Во вас има толку енергија што можете да ја поделите; среќата е веќе блиску до вас, благотворното делување на планетите ве инспирира со желба да се посветите на семејниот живот, своите односи и можеби ќе создадете нови. Ако во сферата на љубовта мора да донесете одлука или да направите избор кој до сега не беше итен, сега се’ се менува. Покажете храброст и зграбете прилика со двете раце- сега или никогаш! Ќе доживеете неверојатни моменти во љубов. Совет- На почетокот на месецот сомнежите ве спречуваат да тргнете напред. Мотивацијата и желбата да верувате ве задвижуваат на патот кон успехот, не се откажувајте. Задржете ја својата одлучност и храброст.
Стрелец
Пристигнуваат добри вести, драги Стрелци! На почетокот на месецот ќе ја успорите имплементацијата на вашите проекти. Почнувајќи од 13.11 вашите проекти се долгорочно поставени, а нивното извршување се очекува наскоро. Ги криете своите со нетрпение и подготвени сте да одвоите време, веќе сте на патот кон успехот, пред вас се отвораат нови можности: дојде времето за промена. Од 19.11 ѕвездите ви препорачуваат да изберете некој нов пат и ќе го трансформирате својот живот. Буквално сте на работ да постигнете некоја врста на успех, а за возврат ќе мора да покажете постојаност и верба во своите способности. Во личниот живот работите се малку поинакви. Дојде моментот на вистина и ако имате што да кажете сега е време тоа да го направите. Контактите добро се развиваат, општата атмосфера е поволна. Осамените Стрелци ги очекува средба со личноста од минатото, можно е да се вратат. Совет- не се плашите од промена. Прифатете поволни планетарни вибрации, уживајте!
Јарец
За јарците месецот е контрадикторен: мора да ги решите работите пред започнете нешто ново. Ако очекувате новост и чувство, можеби ќе останете без ништо. Првата недела ќе донесе неодлучност, не правете ништо што може да ги загрози вашите планови и бидете воздржани. Ситуациите со кои никигаш порано не сте се сретнале ќе ве натераат да се посомневате во своите способности па дури на крајот на втората недела потешкитиите ќе се повлечат. Вашите таленти ќе бидат тестирани како и вие. Во втората половина на месецот работите ќе се подобрат, енергијата на ѕвездите ви овозможува да постигнете успех во сите свои проекти. Добивате комплименти од саканите, создавате силна врска со членовите на семејството. Во доменот на љубовта чувствата доаѓаат и си заминуваат, ви недостасува самодоверба, но не мора да биде така. Ако од ваша страна има љубомора или посесивност, тогаш сте стекнале разбирање на кое треба да се работи. Совет- Повеќе не сакате да градите дворци во воздух и тоа е ваше право. Вие носите одлуки да живеете денес. Ако овој начин на живот ви носи задоволство, нема смисла да го менувате во нешто друго.
Водолија
На почетокот на месецот го губите темпото, чувствувате благ пад на енергија или недостаток на волја, се двоумите. Се засилува нивото на стрес. Ситуацијата во која се наоѓате не се менува и уморни сте. Ѕвездите ви овозможуваат да направите пауза. Не се плашите да погледнете во себе и длабоко да навлезете во своите вистински желби. Што се однесува на општествените сфери од 16.11 ќе бидете опкружени со лојални сојузници, ќе ја најдете нивната помош и со неа можете да развиете сјајни идеи. Вашето семејство ви дава поддршка и одлично ви оди, а сепак се трудите да не градите дворци во воздух пребрзо. Во љубовта ве привлекува акција. Уморни сте од чекање на ситуации кои за вас не се менуваат доволно бргу, па одлучувате да превземете иницијатива во свои раце. Направете го првиот чекор во љубовта, понекогаш вреди и да се рискира. Совет- бидете искрени кон луѓето кои ги сакате, секоја лага може да се претвори во конфликт.
Риби
Во ноември ќе ве прати среќа и самодоверба. Планетите ги рушат вашите мали навики и тоа на почеток малку е вознемирувачки, но бргу се прилагодувате. Наглите промени ви носат стрес, но обидете се да ги прифатите бидејќи многу позитивно може да влијаете на вашата судбина. На полето на кариерата ве очекуваат новитети со кои ќе бидете изненадени позитивно. Добивате финансиска поддршка, вашите идеи се добри и изводливи. Крајот на месецот е посебно поволен, иако е генерално помирен. Овој месец може да биде одлучувачки за вас. Успех во љубовта ве чека без оглед дали сте или не во врска. Во царството на љубовта почнувате од почеток, се движите по патеката на остварување на своите соништа. Совет- Заштите се од разни потешкотии кои можат да се случат во било кој момент, а главната заштита е вашиот непоколеблив оптимизам.
извор; sensa.mondo
Leave a Reply