Не ги чекај оние кои не те чекаат

Кога ќе западнете во некоја животна криза, апатија или малодушност, кога ќе се уморите од паѓање и станување на патувањето кон своите соништа, кога ќе исчезнат луѓето кои некогаш ве подржувале, кога ќе останат само оние кои ви прават сопки, не се предавајте, туку мотивирајте се.

Мислењето на другите не е важно, најмногу на оние кои се хранат со вашите падови. Не е важно што другите не ви шлукаат, не ве подржуваат, не се покрај вас, туку се важни целите до кои треба да стигнете и луѓето за кои тоа ќе го направите бидејќи ве сакаат. Само тие!

И не е важно ако сте уморни, уморот е знак дека нешто добро сте направиле, најважно е да знаете да се одморите, а потоа напред да тргнете по енергично.

Земете го времето за себе, за својата душа и тело и нека во вас се’ дојде на свое и не заборавајте да ја раздвижете својата внатрешна сила. Поради умор не се откажувајте, само земете одмор и после некое време се’ ќе се врати во нормала. Само бидете доволно трпеливи да издржите додека е најтешко.

Кога ќе се најдете во некоја животна криза не се прашувајте зошто тоа се случило, колку длабока може да биде, не се прашувајте каде се луѓето кои некогаш ве подржуваат, туку најдете причина да бидете појаки од моменталната болка.

Причината која ќе ја пронајдете ќе ја смени вашата перцепција, ќе ве натера да поставите поинакви прашања, за да не се доживувате себе си како жртва туку како оној кој има можност на избор во животот и тоа го користи.

Кога ќе се најдете во некоја животна криза, сигурно има добра причина, зошто сега моментално сте во мракот. Тоа не значи дека наскоро нема да излезе сонце, за да покаже дека мракот е дел од еден многу поголем процес кој не го разбираме а кој ни е потребен за да бидеме појаки и да ги совладаме сите предизвици кои пред нас животот ги поставува.

Бидете уверени дека наскоро доаѓа победа, а вие сте оној кој е заслужен за неа.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

%d