Триесетите години се фантастични.Не сте повеќе во години кога ве сметаат за незрели, но сеуште сте доволно далеку од зрели години за да можете себеси да си дозволите некои работи и да се забавувате. Многу жени во овие години веќе оствариле кариера и станале мајки, но се доволно живи да се дружат и да прават она што сакаат.
Пред да дојде во зрели години, секоја жена би требало да направи некои работи, за да не жали во староста.
1. Не се плашете да барате повисока плата; Ако напорно работите и сметате дека добро ја обавувате својата работа, тогаш нема причина да не барате да ви се награди трудот.
2. Шармирајте помлад маж; Кога сме млади, не сакаме да се забавуваме со помлад маж бидејќи сметаме дека не се зрели, а кога ќе дојдеме во позрели години тие ни стануваат по привлечни.
3. Изгледајте најдоборо што можете; Ова се години во кои секоја жена треба добро да изгледа, затоа трудете се својот изглед да го доведете до совршенство.
4. Истражувајте го светот и патувајте кога и да можете; Ако имате стабилни примања тогаш секако треба себеси да си дозволите барем едно патување.
5. Водете сметка за својата кожа; Многу жени почнуваат доцна да водат сметка за својата кожа, а тоа треба да ви стане навика веќе во дваесетите.
6. Решете се од токсичните врски; Не си дозволувајте најубавите години да ги потрошите на токсични луѓе и партнери. Не си дозволувајте себе, а ниту на своите деца ако ги имате, да живеат во токсично опкружување.
7. Решете се од лоши навики; Кои и да се вашите лоши навики сега е вистинско врме да ги решите.
8. Исфрлете ги хејтерите од својот живот; Покажете им на луѓето кои постојано нешто ве критикуваат дека за нив нема место во вашиот живот.
9. Одлучете како ќе ги воспитувате своите деца; Ако сеуште немате деца, сега е вистинско време да размислите за своите ставови кон децата и начинот на кој сакате вашите деца да бидат воспитани.
10. Водете сметака за своето здравје; Многу е важно на време да почнете да водите сметка за здравјето, за да ги спречите можните компликации во иднина.
11. Ако не ви се допаѓа работата, дајте отказ; Сеуште сте доволно млади да најдете друга работа која ќе ве исполни.
12. Престанете да губите време на погрешни луѓе; Не го губете времето со оние кои не ве ценат и не ве почитуваат во онаа мера во која би требало. Бидете свесни за својата вредност и опкружете се само со добри и позитивни луѓе кои ве прават среќни.
Leave a Reply