Ако сакате другите да ве ценат и почитуваат мора прво да се цените и почитувате себеси. Квалитетот на нашиот живот многу зависи од нашата самодоверба и самопочит, а тоа е проблем што ги мачи многу од нас. Познатиот психолог Михаил Лабковски открива неколку едноставни начини со кои можете да си помогнете да изградите самодоверба и да ја зголемите самопочитта.
1. Прва работа која секоја жена треба да направи е да престане да ги прашува своите пријатели и семејството како изгледа. Кога жената убаво изгледа тоа влијае на наејзината самодоверба, но ако постојано бара одобрување и мислење од другите, тоа покажува дека не е сигурна во себе. Никаква убавина нема да го надокнади недостатокот од самодоверба. Секогаш прво запрашајте се како вам нешто ви се допаѓа, било да се работи за вашиот изглед или било која друга работа. Ако вам ви се допаѓа, не треба да ве загрижува мислењето на другите
2. Научете како да одговорите на комплименти. Секогаш заблагодарете се кога некој ќе ви додели комплимент и не ја смалувајте својата вредност или пак да се срамите што некој нешто ви кажал- дека убаво изгледате. Не мора на никој да му се правдате. Едно кратко благодарам ќе биде доволно да одговорите на комплиментот.
3. Никогаш не ги менувајте своите одлуки, освен ако не е во прашање виша сила. Ако на пример сте одлучиле да одите во кино, да излезете со пријателите или да одите во прошетка, не ги менувајте своите планови и направете го тоа. Самото одлучување и’ помага на личноста да формира внатрешна срж и учи да се слуша самиот себе.
Секоја одлука подразбира ризик, бидејќи не се знае до какви последици ќе доведе. Но благодарејќи на тоа, личноста превзема одговорност за себе и може да учи од своите грешки.
4. Многу жени се многу самокритични и секогаш си пронаоѓаат себеси сто мани. Некои ќе речат дека се дебели, некои дека имаат криви нозе и слично. Самокритика има големо влијание на нивото на самодоверба и самопочит. Ако личноста постојано се критикува самата себе не може да биде со самопочит. Она што секоја личност треба да направи е да се прифати себе таква каква што е и дури тогаш ќе може да биде сигурна во себе и повеќе да се почитува себе.
Leave a Reply