Кризата на средните години, кај жените воглавно се промени за кои често ниту самите не се свесни. Жените многу рано почнуваат да го доживуваат старењето и често се многу уплашени иако реалноста е подобра од она што очекуваaт.
Токму се влегувањето во зрело доба многу жени престануваат да се грижат за себе, додека некои дури тогаш почнуваат да посветуваат многу внимание на себе и на својот изглед, бидејќи сфаќаат дека годините поминуваат и никогаш нема да бидат помлади отколку сега.
Кај мажите кризата на средните години повеќе е поврзана со желбата да се докажат себеси и на луѓето околу себе. Многумина така почнуваат да се занимаваат со спорт, да го одржуваат физичкиот изглед, а некои во оваа доба ќе се разведат или ќе најдат помлада љубовница.
Постојат многу едноставни и ефикасни начини да ја пребродите кризата на средните години.
1. Направете контрола на својот живот; Обично кога ќе влеземе во криза на средните години ќе не’ преплави чувство дека не го контролираме својот живот.
Нашето тело почнува да се менува во својот ритам и не постои начин да го запреме. Токму во овој период нашето здравје е во најризична позиција и многу често токму во тoa време почнуваат да се јавуваат некои тегоби на кои често не можеме да влијаеме.
Затоа е многу важно да се најде нешто што можете да контролирате, за себеси да си создадете чувство на контрола.
2. Поставете си себеси цел; Ако не можете себеси да си поставите некоја долгорочна цел,тогаш направете план за неколку помали цели кои секојдневно ќе ги исполнувате. Не дозволувајте си себеси да заглавите во секојдневието и во работите кои не ви носат никакво задоволство или корист.
Ако успеете да направите само еден мал чекор кон напред, ако си поставите себеси и најмала цел, енергијата ќе се зголеми и ќе се појави ново значење во вашиот живот.
3. Решете се од се’ што е непотребно; Кризата на средните години е метафорички слична на ситуациите кога пеперутката излегува од чаура.
Ослободување од старото, она што умира и отуѓува. Тоа можат да бидат нереални очекувања, работи и луѓе кои ви ја одземаат енергијата и времето. Решете се од токсични пријатели, роднини и се’ она што не ви дозволува да тргнете напред. Дури кога ќе можете да тргнете напред без она што може да ве успори и спречува, ќе можете вистински да уживате во животот кој е покрај вас.
Кризата на средните години не мора да биде лоша како што многумина опишуваат и доживуваат. Кризата на средните години може да биде почеток на една убава животна фаза која е пред вас.
Leave a Reply