Многу современи жени се поголеми мажи од поголемиот дел од денешните мажи. А поголемиот број на стабилни мажи станаа такви благодарение на жените кои ги имаат покрај себе.
Жената на различни начини се жртвува за својот маж. Во многу случаи жената мора да глуми маж на својот маж, за да му покаже дека некои работи мора да ги промени или да ги усвои. Незрелоста на мажот може да се задржи се до неговата длабока ‘зрелост’.
‘Јас го сакав своето момче повеќе од себе, но неговата незрелост ме полудуваше. Го запознав кога имаше 20 години, а го оставив кога имаше 29. Во текот на цела наша врска се однесуваше како тинејџер. Колку и да укажував на неговите грешки, тој не можеше да се промени.
Ми зборуваше дека ме сака повеќе од животот, но никогаш не сакаше да зборува за иднината. Кога ќе го споменев бракот, тој само ќе мавнеше со раката: ‘Кога ќе дојде-ќе дојде’. Децата не смеев да ги споменувам, тоа е како да прашуваш какви планови има за 30год. За него сето тоа беше во далечна иднина.
Му верував дека ме сака, но не беше доволно маж за да преземе некои чекори. Не знаеше како да ме побара за жена, не знаеше како да испланира семеен живот за нас двајцата. Се’ оставаше за попосле и никогаш не презеде ништо за нас.
И така дојдовме до фаза кога одлучив да пресечам: ‘Не можам јас да те научам како да бидеш маж’ му реков и ја завршив врската. После тоа постојано ми се јавуваше и ме молеше за простување, ветувајќи дека со мене планира иднина, но се’ беше готово.’
Не е жената должна да му зборува на мажот како да се однесува кон неа, ако тој сам не знае, тогаш не е добар маж. Кога ќе му дадете на некој доволно време и прилика да направи нешто, а таа личност едноставно тоа не го сака- јасно ви е дека тоа не му е доволно важно.
Не е должност на жената да му зборува на мажот да стапат во брак. Не е должност на жената да му зборува на мажот кога треба да имаат деца и семејство. Не е должност на жената да му зборува кога треба да биде гушната, кога треба да и’ се доближи или кога треба да ја остави на мир.
Вистинскиот маж ќе знае кога е вистинско време за се’ наведено. Ако мажот сам не забележи тогаш не е вистински маж. Ако не сака да се скраси со вас или не е зрел или едноставно не сака и колку и да се трудите да направите маж од него, веројатно никогаш тоа нема да ви успее.
Не може жената својот партнер да го научи на основни животни лекции. Можете тоа да се обидете, но кога- тогаш ќе ви досади. Неподнослива е врската на двајца луѓе во кој еден мора да се труди повеќе од другиот. Тоа е само прашање на време кога тоа ќе прекине.
Треба да се знае што е должноста на жената во врската, а што на мажот. Ништо не смее да се форсира. Ако вашиот партнер едноставно не работи она што посакувате да правите, тогаш запрашајте се колку уште време можете да му дадете. Поентата е колку на некој сте му важни. Ништо повеќе.
Leave a Reply