Порака до мажите- Ако сакате да ја поседувате жената, ќе ја изгубите

Многу мажи во жената ја бараат причината, зошто не можат да си најдат партнерка.

Зборуваат дека жените се пребирливи и како всушност не ги гледаат сите квалитети кои мажот ги поседува. Малку од мажите ќе ги побараат причините во себе. Многу мажи со своето однесување ги бркаат жените од себе, а често за тоа не се свесни.

1. Опсесија и посесивност; Овие се особини кои се многу негативни и со кои мажите најлесно ги бркаат жените од себе. Многу мажи сакаат да ја поседуваат својата партнерка, а забораваат дека жената не е предмет кој треба го поседуваат.

Кога жената ќе почувствува дека мажот сака да ја поседува, таа губи интерес за него и се оддалечува од него. Да се биде ладен и бесчувствителен е подеднакво штетно, но желбата да се поседува и да и’ се посвети сето време е погрешно.

Често мажите откако ќе бидат одбиени продолжуваат да инсистираат на врска и сметаат дека нивната упорност се исплаќа, што е исто така погрешно. Жената е важно да се сака, но никогаш не треба да се дава 100%.

2. Алчност и скржавост. На сите им се многу добро познати правилата на однесување. Воглавно, на состанок плаќа оној кој поканува на состанок или се плаќа по половина, ако двете страни се договорат. Меѓутоа многу жени нема да дојдат на втор состанок ако нејзиниот партнер инсистира сметката да ја платат по половина. Жените генерално трошат повеќе пари, бидејќи многу повеќе се грижат за себе и се трудат да изгледаат убаво.

Поради тоа многу жени не се согласувааат на врска со маж кој ќе им го скратува или ќе приговара што и колку трошат пари на разубавување. Секако, секој има право на избор, а со наметнување и присилување на жената да биде со вас ќе направите само да си замине.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: