Колку и да сте добри, секогаш ќе постои некој кој не ве сака

Погрешно е да се обидувате да ја воодушевувате личноста која не треба да биде во вашиот живот, а вие тоа го форсирате.

Луѓето за жал често сакаат да се ‘поправат’ од погрешни причини. Некој сака да го фасцинира оној кој му се допаѓа, некој шефот или колегите, пријателите. Тоа се погрешни причини ако сакате да се менувате.

Ако веќе се менувате за да му бидете подобри на некој, направете го тоа само поради себе. Променете се само за да си се допаднете себеси. Ако веќе себеси си се допаѓате тогаш нема потреба било што да менувате. Зошто е ова многу важно? Кога човек се менува поради другите луѓе, многу често ќе биде разочаран.

Поради тоа се создаваат комплекси, трауми, анксиозност, депресија..На човекот му е тешко да го прифати фактот дека даде се’ од себе за да биде сјаен, но сепак е одбиен или неприфатен од страна на другата личност. Вистина е дека ќе има луѓе кои нема да ве сакаат без оглед колку сте сјајни.

Секогаш ќе биде некој кој не ве поднесува и ве негира. И додека себеси се сметате како промашај или недоволно вредна личност, нема да видите дека всушност проблемот е во таа друга личност. Втора, многу важна работа е да сфатите дека поради вистинските луѓе нема потреба да се менувате.

Можеби ќе мора да менувате неколку навики за да се прилагодите еден на друг и да се стопите во една целина, но сигурно нема да ја менувате својата личност. Оној кој бара да ја менувате личноста, нему местото не му е покрај вас.

Не негувајте животна врска со погрешни луѓе, а погрешни се оние кои сакаат да ве менуваат. Она што сакате на себе да промените- направете го што е можно побргу, но кога ќе ја достигнете фазата самите себеси да се засакате, тогаш вашата задача е да негувате она што сте и да пронајдете личност на која такви му се допаѓате.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: