Не му простувајте на човек туку-така. Посебно не на мажите

Веќе на сите разумни луѓе, јасно им е- да се прости и моли за простување е благопријатно. Простувањето ја прочистува душата, ја отпушта лутината, помага во меѓусебното разбирање, го хармонизира сопствениот живот. На крајот на краиштата, не дава можност за движење во деструктивна психоматика.

Од искуство, не треба на човек да му се прости ако тој ништо не направи во врска со тоа: не рече, не замоли, не направи некој чин на покајување. Посебно на мажот. Тоа е нормално. Тоа го поттикнува согласувањето и достапноста на се’. Тоа укажува на отсутност на вашите лични граници и му дава на човекот, вушност можност со вас исто да постапува.

Да се прости и да се бара простување- тоа е духовно, но делува само на оној, кој е на исто ниво на вредност и развој како и вие.

Во другите случаи барајте простување од Бог, молите за себе и тој човек, барајте простување кај себе, што сте ја дозволиле негативноста во однос на себе, што сте биле лути. Но, од човекот, по можност што е можно подалеку:’Бог ќе прости’.

Зошто мажот посебно? Затоа што од детството ги научиле да го фалат и критикуваат мажот за делување, а не за состојба. За нив е нормална логика- треба нешто да се направи, за да се прости.

Ако жената тоа го прави туку така, ова не се вклопува во машкиот поглед на свет. Тоа е исто кога ќе му кажете на маж: ‘Ти си убав’. Тоа е пријатно да се слушне, но збунува. И не е јасно што со тоа да се прави понатаму.

Воглавно барајте простување од Бог, простете си себеси, а оној кој ви направи нешто лошо – Бог ќе прости.

Додека простеното, само, не дојде кај вас.

Лилија Ахремчик

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: