Емоционалната афера не е ништо помалку штетна од физичкото неверство

Емоционалната афера може подеднакво да биде штетна како и физичкото неверство, ако не и поштетна бидејќи се вклучени и емоции.

Многу луѓе влегуваат во емоционална афера, а за тоа често не се ниту свесни бидејќи ја сметаат за безначајна. Меѓутоа, таа не е за потценување. Стручњаците истакнуваат дека личноста која влегува во емоционална афера чест себеси се убедува дека е тоа само минлива фаза и дека не значи ништо, но всушност емоционалното неверство може да предизвика проблеми во постоечката врска.

Знаците кои покажуваат дека емоционално сте неверни на својот партнер.

1. Уживате во вниманието на друга личност.

Ако сте во сериозна врска тогаш не треба да барате внимание и потврда од другата личност. Дури и ако врската поминува низ некоја тешка фаза, не треба да барате внимание од друга личност освен од вашиот партнер ако сакате да ја надминете кризата. Недостаток на емоции во вашата врска не е изговор да ги барате на друга страна.

2. Ја криете таа врска од својот партнер

Ако мора секогаш да ги криете пораките кои ги разменувате со други луѓе од својот партнер, можеби во тој однос се крие нешто повеќе и не сакате вашиот партнер да дознае. Потребата за приватност е разбирлива, но ако тоа влијае на вашиот однос со партнерот и ако секогаш имате потреба да криете нешто од партнерот, тоа не е добро за вашата врска.

3. Неприкладно комуницирате со другите.

Во ред е да се допишувате и комуницирате со другите луѓе, но ако тоа ја преминува дозволената граница, тоа никако не е добро. Како и кај многу други аспекти, се’ се сведува на идејата за тоа каква врста на интеракција имате со некој, за да имате желба тие интеракции да ги поделите со моменталниот партнер.

4. Размислувајте за обновување на старите врски.

Во ред е ако сакате да бидете пријател со бившиот партнер, но овде мора да постои јасна граница која ниту еден од вас двајцата не смее да ја премине. Ако почнете да размислувате за обновување на врската со бившите и да барате емоционална стабилност и почнете повторно да го третирате како партнер, тоа ќе има лошо влијание на вашата моментална врска. Кога барате поддршка од некој кој не е ваш моментален партнер, тоа е знак дека изневерувате на емоционално ниво.

5. Имате чувства кон некој кој не е ваш партнер;

Ако си признаете себеси дека имате чувства кон личноста која не е ваш партнер, постојат големи шанси да се впуштите во емоционална афера.

Во животот може често да ни се случи други луѓе да ни бидат попривлечни од нашиот партнер, но се’ додека не почнеме да негуваме чуства кон тие личности, работите не се сериозни. Проблемот се создава кога пуштаме чувствата да се развијат и дозволуваме таа врска да се развива.

6. Возвраќате чувства на друга личност.

Иако не можеме да ги контролираме чувствата кои некоја личност ги негува кон нас, можеме да се контролираме себе и своите чувства. Ако некој константно флертува со вас и вие почнете да му возвраќате тоа може да биде опасно. Кога ќе почнете да возвраќате на чувствата кои некоја личност ги негува кон вас, вие со тоа ја охрабрувате да продолжи. Тогаш емоционалната афера може лесно да се развие, а тоа да не го забележите.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: