Зошто ‘оној вистинскиот’ не постои?

Ја замислуваме нашата сродна душа некаде во светот, лута и не’ бара нас? Размислувам и се смешкам дека Тој некој мој ќе го најдам во некое кафуле, на трчање, во автобус, само ќе се погледнеме и љубовта ќе не’ преплави и ќе знаеме дека сме судени еден на друг.

Мислам дека сите тоа си го посакуваме, иако сме свесни дека е по малку нереално. Еднаш одамна го прашав својот близок пријател, што за него значи љубов. Тој ми рече нешто во смисла ‘љубовта е секаде околу нас’, што значи дека љубовта не е нешто по кое трагаш, туку нешто што ќе го најдеш.

Убаво е тоа, но не е баш она што мислев. Кога ме праша кога повторно ќе се вљубам; му раскажав измислена приказна, романтична во која случајно налетувам на мојата идна љубов и тоа на улица. Па, кога ќе се погледнеме ќе биде вау, ќе размениме броеви и ќе си останеме еден на друг во мислите, се’ додека не се сретнеме повторно

Необјаслива врска меѓи нас се случува. Човекот кој го барав, одеднаш станува моја стварност. Мојот пријател помисли дека сум луда. А можеби е во право. Колку и да замислуваме идеално сценарио, идеален фраер, идеална врска, тоа не постои.

Не постои совршена љубов, совршен човек, бидејќи љубовта е несовршена. Љубовта е фалична и комплицирана и фала му на Бога за тоа. Затоа што сме луѓе.

Бидејќи нашите животи се изградени од несовршености. Тоа се наши недостатоци, наши мани, наши игри со зборови кои не прават единствени, кои дефинираат она што сме, кои ги обликуваат одлуките кои ги носиме во животот кој го создаваме за себе.

Имаме свој багаж, сопствени разочарувања, свои борби. А дури и ако не го влечеме со нас, тие и понатаму ќе не’ дефинираат она што сме.

И не можеме да очекуваме дека ќе пронајдеме сјаен, прекрасен тип на маж како Кен, кога ние не сме пластични, нереално обликувани барбики.

А кој всушност сака да биде таков?

Кој сака таков сензационален изглед, заеднички живот? Односот кој е толку идеален, за да може да го собере во мала кутија на полица со илјада други?

Досааадноооо

Значи не постои господин ‘вистински’. На кој му е гајле?

Кога е во прашање љубовта, сакам вистинска.

Сакам маж кој не ги следи секогаш правилата, бидејќи не сум тип кој ги бои линиите на љубовта. Сакам маж кој не се плаши да зргеши, кој е по малку луцкаст, кој знае некои работи да зафркне, кој ќе ме сака и премногу.

Сакам маж кој не е оној за кој сонував, туку вистински, комплициран, убав маж.

А јас сакам да бидам жена, несовршена жена, која одговара на таа луда љубов во својата сорта на бајка.

Онаа која е заплетката, онаа која е стварна.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: