Како да се препознаат луѓето со мрачана аура?

Негативноста на некои луѓе може толку многу да се почувствува што е тешко да се биде покрај нив, посебно ако сте емпата или чувствителна личност.

Аурата е светла обвивка на секое човечко битие. Некои луѓе тврдат дека ја гледаат со голо око додека другите користат разни апарати за да ја видат. Се верува дека може да биде со различни бои и дека бојата се одредува по тоа каков е човекот одвнатре. Колку поубав карактер, тоа се поубави боите на аурата и обратно. Со тек на време и промените во човекот, се менуваат и боите на аурата. Ако човекот има црна аура тоа не значи дека тој е нужно лоша личност, можеби само поминува низ тежок период.

Негативните луѓе со своите негативни навики создаваат негативна енергија околу себе, која може да се препознае по нивните навики. Овие се некои од нив

1. Претерана критичност. Човек кој за се’ има негативни коментари и не е напорен само за другите туку и за себе. Можеби критиката ќе ви донесе некое краткорочно задоволство, но на подолги патеки тоа само прави проблем

2. Постојано се жалите. Луѓето со негативна аура само нешто се жалат. Нив се’ нешто има смета и нешто не им одговара. Со такво однесување нивната аура станува се’ помрачна. Додека од друга страна ведрите луѓе со својата позитивност градат сјајна аура.

3. Изразувате негативност. Кога сте во друштво на негативна личност тоа лесно ќе се почувствува. Можете да станете нервозни или едноставно иритантни. Хиперсензитивни личности тешко се носат со такви луѓе.

4. Лош сон. Негативните луѓе имаат проблем со спиењето. Секојдневното ширење на негативна енергија влијае на нивната способност да се опуштат и да спијат без проблем.

5. Носите лоши одлуки. Негативните луѓе не се фокусирани на своето добро. Тие се толку оптеретени со негативната страна на се’, што не сакаат да размислуваат за добро. Поради тоа ќе се одлучат да бидат мрзливи, отколку да вежбаат и да бидат во форма или повеќе ќе се одлучат за нездрава храна отколку за здрава.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: