Доаѓа време кога сите желби ќе те напуштат. И кон работите и кон луѓето

Пред многу години, кога мојата мудра баба беше меѓу нас, еднаш мене и на мајка ми ни рече голема работа.

Ние двете пред Велигден закачувавме нови завеси, кои во тоа време беа многу модерни. Никако не успевавме да ги наместиме како што треба. Се нервиравме и се расправавме, се смеевме и повтроно се обидувавме.

‘До пред некоја година ќе скокав од радост да добиев такви завеси – ми рече баба ми- а сега немам ни ронка желба…Желбите ме напуштаат, девојки мои. Сите. И кон работите и кон луѓето.

Правете се’ што можете, додека за тоа имате желба. Трошете пари и на глупости- не штедете! Бидејќи глупоста носи радост, за разлика од штедењето. За што штедите? За погреб? Уште никој не го оставија не погребан. Радувајте се додека во вас има радост. Сакајте додека тоа го посакувате. Ќе дојде време кога нема да сакате ниту туѓа топлина. И ништо повеќе нема да ви биде возбудливо..’.

Веројатно тоа природата намерно ни го прави, за да можеме помирно да заминеме, не врзувајќи не’ ниту со работи, ниту за луѓе. Еве и јас сум подготвена да заминам. А кога би можела да се вратам во ваши години, би живеела ден за ден и би се радувала на секоја желба.

Баба ми одамна ја нема. А јас живеам во сегашниот момент и се радувам на секоја желба.

Leave a Reply

Up ↑

%d