Зошто жените не можат да се откачат од кретените?

Кретен е откога се познаваат…Имаше две девојки дури беше со неа. А таа Божја миленичка, на која секогаш и’ се враќаше. Кога ја прашав зошто не го откачи тој одвратен кретен, после толку афери, ми рече дека тие врски нема долго да траат бидејќи ниту една не е доволно добра како неа.

Зошто е тогаш тој со друга?

Затоа што Мене не може да ме прави будала. Неа може.

Кретенот, десет години од нивната врска, во која само таа верува дека е љубов, никогаш не се изјасна што сака. За се’ што требаше да направи му фалеше, според нејзините зборови само малку.

Само малку му фалеше да дојде да ги запознае нејзините родители. Само малку му фалеше да престане со грозните навики. Само малку му фалеше да објави нивна заедничка фотографија на Инстаграм. Само малку му фалеше да живеат заедно. Само малку фалеше да престанат да се расправаат. Само малку, само малку, само малку.

Набљудувајќи ја нивната приказна сфатив зошто жените не можат да се откачат од кретени.

Затоа што се во вечна заблуда дека им фали само малку.

Така, мојата пријателка не сака другата жена да го добие оној на кој само уште малку му фали.. Таа ќе добие нервен слом ако слушне дека тој запознал некои други родители, дека на некоја друга и’ купил прстен, да види фотографија со друга жена на Инстаграм.

Ако сега со неа, него му фали само еден чекор, си мисли таа, тој чекор можеби лесно ќе го помине ако некоја друга се жртвува од него да направи човек. Од кретен да направи човек.

Кретените не се она што мислиме кога бевме девојки- насилници, грубијани, идиоти кои не ти даваат внимание. Кретени се оние кои те оставаат во вечна заблуда дека сакаат се’ и до таму им треба сосем малку.

Кретените ве оставаат во вечно уверување како вие од нив направивте добри мажи. Дека вашиот повеќегодишен труд вроди со плод. До она што сакате фали уште многу малку.

Тогаш жените, како мојата пријателка од почетокот на приказната, собираат години стаж на кретен и неговото емотивно образование. Десет години поправање, си мислат тие, мора да вроди со плод. Логично дека до совршенството му фали само малку.

Десет години поправања, велат и кретените, вроди со плод. Тој е денес многу похрабар маж отколку што беше. Кретенот својата жртва ја велича и ја фали- да, ти ме промени. Само уште малку ми фали.

Слични аргументи за повеќегодишното поправање слушам и кога на жените им се советива да не ги оставаат мажите кои научија да мијат садови или да вклучат машина за перење. Зошто ти, велат, да и’ го препушташ на друга жена оној на чие домашно воспитание потроши години.

И тоа е отприлика тоа. Жените не се откажуват од своите проекти, вечно уверени дека фали само една педа да направи се’ што посакуваат. Не сакаат да го препуштат на друга жена својот маж, кој во финишот на трката може да стане она што никогаш не бил, ниту некогаш ќе биде.

Освестете се. Му фали многу. Никогаш нема. Залудно поправате.

Марина

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: