Кога минатото повторно ќе се врати..

Ако чекаме се’ да помине, ќе ни помине животот. Невозможно е се’ да помине. Секогаш останува еден мал дел во нас. Мал дел од родниот град во нас. Мал дел од семејството кое таму го оставивме. Мал дел од личноста која ќе ја заборавиш, но ќе се појави од време на време пред спиење. Минатото секогогаш излегува кога се прават планови за иднината.

Кога ќе собереме храброст за ново и неизвесно. Минатото чука на вратата и некако те влече назад на старо. И тоа е во ред. Тоа минатото го прави. Не’ тестира. Не’ залажува, враќа сигурност. Ни зборува дека не решивме се’. Дека се’ не заборавивме.

Дека сите емоции мора да бидат избришани ако сакаме да почувствуваме нови. Дека сеќавањата мора да бидат избришани ако сакаме да создадеме нови. Но, тоа е така погрешно. Така залажувачки.

Треба само да се тргне. Да се направи првиот чекор. Да се започне нешто ново. Да се започне нова љубов. И кога минатото ќе дојде, нека дојде. Сети се со насмевка на лицето и биди благодарен за се’ што те изгради во ваква личност каква што си сега.

Дај љубов. Не давај отпор и не се сомневај. Се’ се случува секогаш како што треба да се случи. Секогаш сме на вистинско место во вистинско време во животот.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: