Од машки агол: И ние имаме емоции и потреби

Во секоја врска двата партнери треба да имаат право на личен простор и двајцата имаат право да сочуваат некои работи за себе. Колку и да тврдите дека го познавате својот партнер, бидете сигурни дека има некоја тајна која ја крие од вас. Од некои работи можеби се срамат, додека другите едноставно не сакаат да ги поделат со вас.

1. ‘И ние имаме емоции и потреби’. И мажите подеднакво како жените, сакаат да се чувствуваат ценето и посакувано. Тие не се навикнати да ги покажуваат своите чувства туку и понатаму ги задржуваат за себе, но тоа не значи дека ги немаат.

2. ‘Потребна ни е ваша поддршка’. Иако понекогаш оставаат впечаток дека не им е потребна ничија помош и поддршка, нив всушност многу им значи поддршката од жената која ја сакаат. Иако тоа нема никогаш директно да го кажат, на мажот му е важно жената да верува во него.

3. ‘Бев паралелно во врска со две жени’. Секако дека не се сите мажи такви да излегуваат со две жени, но има и такви. Меѓутоа, кога ќе ја најдат онаа вистинската никогаш нема да признаат дека во минатото имале навика да излегуваат со повеќе жени истовремено.

4. ‘Бев неверен во минатото’. Кога мажот ќе ја најде вистинската и без оглед колку е искрен кон неа, фактот дека изневерувал ќе го задржи за себе. Нема да посака некои негови лоши навики од минатото да го расипат она што има сега.

5. ‘И ние имаме комплекси’. Многу мажи имаат комплекси врзани за нивниот физички изглед, иако тоа вешто го кријат пред жените. Не сакаат жените да се посомневаат во нивната несигурност и да се дознае за нивните комплекси.

6. ‘Да, твојата пријателка е многу згодна’. Ова нема да ви го кажат, бидејќи не сака да се сомнитевате и да бидете несигурни, но тоа не значи дека нема очи и дека не виде колку згодна пријателка имате.

7. ‘Не сакаме да се расправаме’. Мажите не сакаат да се караат и ќе се трудат на сите можни начини да ја избегнат расправијата со својата поубава половина. Многумина се во состојба да излажат за да избегнат расправија.

8. ‘Имаме богато интимно искуство’. Ова можат да го разберат само жени кои исто така имаат богато искуство во минатото, поради кое мажот побргу ќе го премолчи, отколку да каже со колку жени бил.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: