Зошто некои луѓе имаат потреба да ги навредуваат другите?

Луѓето кои ги навредуваат другите се откриваат себе: зад нив стојат одередени типови на личности кои ќе ги анализираме во оваа статија.

Критики, понижувања и неосновани навреди често има денес на социјалните мрежи, а и во секојдневниот живот.Тие даваат плодно тло за нова врста на офанзивна динамика. Секако, од секогаш имало луѓе со склоност да ги навредуваат другите, но тој тренд стана посебно изразен во последните години. Дали има причина за тоа?

Психологијата покажува голем интерес во разбирањето на она што се крие позади вербалното насилство. Бидејќи навредата не е стрела која само лета во воздухот. Навредата е психолошки болна, понижувачка, смешна, клеветна и таа поттикнува многу предрасуди и стереотипи.

Зошто некои луѓе ги навредуваат другите?

Навредите имаат своја анатомија. Но, јасно е дека болат. Навредите се случуваат во сите сфери, а посебно на социјалните мрежи. За тоа постои очигледно објаснување: оние кои изговараат навреди во јавни медии бараат публика и за тоа.. Не е необично навредите да станат вирални, создавајќи атмосфера во која се губат сите етички, па дури и морални принципи. Но, што ја задвижува оваа личност? Кој тип на личност обично ги користи навредите како облик на комуникација?

Навреда како наследен облик на комуникација

Има такви кои прибегнуваат кон навреди од општествена условеност и врз основа на наследните обрасци на однесување. Многу луѓе растат во опкружение во кои критиката, понижувањата и девалвацијата на другите луѓе се вообичаени.

Порано или подоцна го повторуваат она што го искусиле и преку овој вид на комуникација ја процесуираат својата фрустрација и болка која ја натрупуваат од детството. Освен тоа, многу луѓе се склони кон вербално злоставување од навика, за да се изборат со своето опкружување: во училиштето, на работа, во односите.

Насилна комуникација, облик на моќ

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои навредуваат често се наоѓаат во организациски средини. Насилната комуникација бара статус и претставува облик на искажување на моќ над другите. Всушност, тоа е она кое многу од нив и го бараат: да создадат хиерархија во која се ставаат над другите преку критика, понижување, прикриени навреди.

Нарцисите имаат тенденција да ги навредуваат другите

Нарцисите се луѓе кои не се свесни дека нивното однесување влијае на другите. Тие секогаш се фокусираат само на себе за да ги постигнат своите цели. При тоа не се стегаат да ги искористуваат и навредуваат другите.Тие се арогантни, љубоморни, агресивни и секогаш ја бранат својата позиција.

Нарцисите имаат тенденција своите навредливи зборови да се засниваат на бескорисност и глупост. Тие бргу тргаат во офанзива и ги етикетираат другите како наивни, неспособни и глупи. Нарцисите се вешти мајстори во тоа.

Луѓето кои ги навредуваат другите се откриваат: ја покажуваат својата непослушна нетрпеливост, детска фрустрација, недостаток на образование, недостаток на емпатија, па дури и сомнителна интелигенција.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: