Зомбирање: Кога ќе стигне порака од некој кој ве остави без збор

Зомбирање се толкува како однесување на личност која едноставно исчезна од вашиот живот без збор и потполно неочекувано ви праќа порака.

Ова враќање не е случајно. Зомби сака да ве натера уште повеќе да копнеете по него за да го зајакне своето его и самодоверба. Затоа треба да бидете внимателни.

Зомбирање е однесување кое можеби ви е познато: се оденсува на личност која исчезна како дух, а потоа со некое чудо ќе се ‘врати во вашиот живот’. Ова може да предизвика многу страдање и тага.

Кога некој за кој емотивно сте биле врзани ќе исчезне од вашиот живот од некоја необјаснета причина, тоа е многу тешко. Меѓутоа, изненадно и неочекувано враќање на оваа личност и нејзиното однесување е исто така посебна дилема.

Зомбирање: Кога некој ќе се појави во вашиот живот одеднаш.

Можеби убаво ви почнал денот, во својот сте филм, кога стигнува порака токму од Него или Неа.

Одеднаш се вратил некој кој некогаш ви бил важен и кој во некој момент одлучил повеќе да не ви одговара и тоа без никаква причина. Често овие пораки се весели, безгрижни, можеби и помалку шармантни од типот: ‘Еј, како си? Дали е се’ во ред? Ми недостигаш.

Освен тоа, овие зомби на 21-ви век имаат необична, речиси ‘натприродна тенденција’ да се вратат токму кога ја совладавте болката поради нивното отсуство. Го обновивте својот живот, ги саниравте своите емоционални рани, за да ја излечите болката која ви ја нанесоа кога ве напуштија. Тоа речиси ве скрши и тогаш..повторно ви чука на врата.

Какви се тие луѓе?

На овие Зомби им е потребна храна за нивното его. Вистинскиот зомби секогаш излегува кога е гладен. Затоа многу добро можете да ги наречете нарциси или едноставно незрели луѓе со малку емпатија.

Меѓутоа, ова однесување опфаќа и комбинира неколку процеси. Еден од нив се лоши односи. Затоа не е доволно едноставно да имаат порметување на личноста. Освен тоа, треба да го тумачите и како општествено однесување. За жал, овај образец на однесување е се’ почест.

За такви луѓе, вашата љубов е предмет за еднократна употреба која се користи, а потоа се отфрла или рециклира, онака како што налагаат нивните потреби.

Ако бившиот се врати во вашиот живот откога ќе ве напушти, тоа е поради зајакнување на сопственото его.

Исто така, можете да бидете прилично сигурни дека неговата моментална стварност најверојатно нема да биде инспиративна за вас. На оваа личност и’ треба нова потврда и надеж дека повторно ќе и’ ја дадете – како што правевте порано.

Кога ќе се соочите со зомбирање, тоа ве доведува до тешка и комплицирана ситуација. Може да се случи старите рани кои тек ги залечивте со голем напор повторно да се отворат.

Но, како треба да се однесувате во таква ситуација? Пред се, мора да бидете многу внимателни. Не ја губете перспективата, без оглед колку примамливо е- не го губете тлото под нозете! Бидејќи тоа враќање никогаш не е случајно, безопасно или вон памет. Зомбите секогаш се’ носат со себе и секогаш се враќаат гладни. Тој е исто така мајстор за отворање на стара рана.

Нема вљубени ‘духови’ или зомби. Секогаш запомнете: Вашето срце е света одаја! Не заслужува секој да биде во него.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading