Велат, кога Черчил наздравувал, секогаш ќе кажел: ‘Подобро на никој да не му посакувам здравје, ниту богаство, туку да му посакам само среќа! Поголемиот дел од луѓето кои беа на бродот Титаник беа здрави и богати. Но, многу малку од нив имаа среќа’..
Прочитајте ја оваа кратка напомена, која се појави една година после страшниот напад на кулите близначки во Америка:
‘Можеби знаете дека шефот од некоја голема компанија го преживеа нападот, бидејќи за прв пат синот го носеше во градинка.
Друг човек преживеа бидејќи беше негов ред да оди по крофни.
Некој задоцни, заглавен во гужва на автопатот. Некој од нив го пропушти автобусот.
Една жена го истури кафето по облеката и и’ требаше време да се пресоблече.
Нечиј автомобил не запали, некој се врати да одговори на телефонски повик.
На друг му требаше повеќе време да добие такси.
Еден маж тоа утро облече нови чевли, но пред да стигне таму, доби плусканица на стопалото, и застана до апотека да купи фластер. Поради тоа остана жив.
Следниот пат кога ќе заглавам во гужва или ќе го пропуштам лифтот или ќе се вратам за да се јавам на телефон…Кога ќе се случат сите тие ситници кои ќе ме изнервираат, помислувам во себе – Бог сака да бидам токму на тоа место, во тој момент.
Следниот пат кога ќе ви се причини дека утрото почна лошо, дека децата споро се облекуваат, дека не можете да ги пронајдете клучевите од автомобилот, дека стоите предолго на секој семафор, не се обесхрабрувајте и не ги губите нервите: Бог работи на ваша заштита. Се ‘ е за ваше добро.
Leave a Reply