11.11 Најсреќниот ден во годината!

Денес е еден од енергетските најмоќни денови во годината, односно ден кога имаме најповеќе шанси желбите да ни се остварат!

Имено, 11 ноември, односно 11.11 претставува низа од 4 единици, која во таротот и нумерологијата е претставена како маѓионичар, односно некој кој од ништо прави магија. Со низата на броеви 11-11 силата на овој број буквално се множи по 4, па затоа се верува дека денешниот ден е идеален во него да поставите цели и да посакате нешто, колку и да е невозможно!

Универзумот ќе ве слушне и ќе ви помогне своите соништа и настојувања да ги претворите во реалност! Доволно е во Вселената да ја испратите својата желба со верба дека истата ќе ви се оствари и дека ќе имате помош од судбината.

Трудете се денес да ги исфрлите скептичните, негативни мисли и да се ослобидите од грижите. Нека ова ви биде пријатен, релаксиран ден во кој ќе пронајдете доволно време за себе, своето уживање и своите позитивни мисли. Бидете фокусирани на своите желби, но размислувајте и за тоа зошто го посакувате тоа, и како ќе се чувствувате кога тоа ќе ви се оствари. До детали замислете се’ она што ќе се случува кога вашата желба ќе стане јава- тоа ќе допринесе за тоа вашата желба да стане појасна, што понатаму имплицира забрзување на манифестација.

Значи денес не се колебајте- туку посакајте се’ што ќе ви падне на памет!

Оо Зона

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: