3 грешки кои ве спречуваат во постигнувањето на целта

Кога пред вас ќе се појави некоја интересна цел, се појавува и желба за нејзино постигнување. Ако замислите дека личноста плови со брод кон целта, желбата ќе биде едро на него.

Но, нема секој брод, ниту оној со добро едро, да ве однесе до ввистинскиот брег. Зошто тоа се случува?

Одговор на ова прашање го слушнав од еден интересен човек.

Прва грешка е наметната желба

Ова е карактеристично за сите луѓе. Да се гледаат успесите на другите и да се посака ист успех во сопствениот живот. Сакаме автомобил како на соседот. Куќа како нашиот пријател. Сакаме да одиме на Малдиви, каде беше неодамна нашиот колега од работа. ‘Јас тоа го можам’ си велиме себеси. Исполнетите желби на другите не’ присилуваат нас на се’ и на секој да му докажуваме нешто

Тоа е секогаш насилство над самиот себе, бидејќи туѓите настојувања не се наши, колку и да изгледаат убаво, наметнати ни се. Тие секогаш делуваат под името мода и престиж. Но, и покрај сета своја привлечност, туѓата желба ќе создаде непријатност и со тоа ќе ја спречат реализацијата на таа желба. Нешто секогаш ќе ве воздржува, ќе ви смета. А се’ затоа што длабоко во себе не сакате таа желба да се исполни.

Втора грешка Загриженост

Што повеќе се грижите, споро напредувате кон исполнувањето на вашата желба. Замислете дека едрите во некој чамец. Знаете дека треба да отпловите кон север. Вашата цел е таму. Мирно го држите смерот додека мислите: Дали одам таму? Можеби мојот брег е на југ? Почнуваат да ви се појавуваат разни мисли во главата. Постои загриженост и бродот го менува својот смер. Новиот пат не води никаде.

Само бродот со самоуверен капетан ќе исплови до вистинскиот брег. Контролирајте ги своите мисли и размислувајте за целта како за реално остварување. Силната желба за постигнување на целта која предизвикува тежина и страв од неуспех често предизвикува одбивање да се продолжи кон посакуваната цел.

Од време на време ќе се појават тмурни мисли. Главната работа е да се научи да се контролираат и да не се дозволи да ви го уништи патувањето до целата.

Трета грешка- неможност да се чека

Оваа грешка е поврзана со втората. Станавме луѓе без трпение. Сакаме да добиеме она што сакаме овде и сега. Неможноста за чекање може да предизвика паника и да менуваме чекори пред да постигнеме она што сакаме.

Потребно е да помине тест со пауза. Ова е речиси тест на сила и издржливост. Кој не зане да чека, не може мирно да стигне до целта. Запостигнување на поголем и поважна цел потребно е трпение.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: