Како повторно да ja заинтересирате?

Одиме вака: Жените воглавно сакаат врска. Но, исто као и мажите, не сакаат врска со било кој. Сакаат маж кој ќе биде верен, посветен во секоја смисла, оној кој ќе биде цврста подршка. Сакат мажи кои ќе бидат доследни и кои ќе се јават тогаш кога ќе ветат.

Еве да разјасниме сега еднаш засекогаш: Ниту едена жена нема да го почитува мажот кој игра игри, оној кој ќе вети дека ќе се јави, па тоа ветување намерно нема да го исполни. Не, тоа не е кул и фраерски. Тоа е нешто што кај жените (исто и кај мажите) создава револт и може да се случи таа да тргне понатаму.

Додуша, ако станува збор за жена која во тебе е вљубена до уши, таа ќе даде сто прилики, силно верувајќи во некој среќен крај. Таа ќе те идеализира, ќе простува, ќе посветува внимание – се’ додека во нејзиниот живот не влезе некој кој ќе и’ даде она за што копнее.

Драги мажи, имајте го на ум следновo: Жените ќе ве чекаат, ќе се надеваат, но кога еднаш ќе тргнат понатаму, тоа најчесто за нив е завршена приказна. Но, како повторно да ја заинтересирате, тогаш кога постои надеж дека сеуште не е изгубено?

Ако таа на пример e вљубена во тебе, ќе и’ треба навистина време за да тргне напред. Можеби ќе се враќа со плачење од безуспешни состаноци. Можеби и’ е мачно да помисли за нови обиди. Можеби ноќе ќе сонува и ќе идеализира.

Тој период може да трае со месеци. Се додека тој период трае, ти имаш шанса да се вратиш на почеток. Имаш шанса да се докажеш, искажеш и да заземеш важно место во нејзиниот живот. Таа во тој период и понатаму сака сигурен, доследен, заинтересиран маж – но со сигурност сака тој маж да бидеш Ти. Се поставува прашањето: како повторно да ја заинтересирате во оваа фаза? Што ако се дистанцира, но и понатаму сте во контакт?

Тоа значи дека таа го чека твојот потез. Покажи и’ дека ти е важна. Биди јасен, конкретен, одлучен, кажи и’ ги своите намери. Покажи и’ дека може да смета на тебе.

Кога тоа станува невозможна мисија

Да, во фазата во која таа сеуште на некој начин е окупирана со тебе, лесно ќе и’ го привлечеш вниманието. Но, што кога ти се чини дека можеби е доцна? И кога всушност е доцна?

Доцна е кога таа ќе пронајде се’ она што бараше во тебе, но на некое друго место, во друг маж. Доцна е тогаш кога ќе се вљуби. Доцна е кога некој друг ќе ја фасцинира. Тогаш за жал е навистина доцна. Жените често долго си одат, но кога ќе заминат, тогаш не се вртат зад себе.

Знам, ова не звучи охрабрувачки, посебно за вас кои накнадно заклучивте дека ја пропуштивте шансата со супер жена. И прашајте се, што да се направи кога ќе се случи ова најлошо сценарио? Како повторно да се заинтересира?

Преостанува само искрена комуникација, таа мора и треба да знае како се чувствуваш и што имаш да и’ понудиш и какви се твоите намери. Таа мора да знае дека си доследен и дека овој пат треба да ти верува. За жал, големи се шансите дека таа ќе го одбере него. Но, постои мала шанса дека повторно ќе се сети на тебе, ако не и’ тргне добро во врската. Ако пак оцени дека тој маж е подобар за неа, за жал тоа може да биде крај. И што тогаш?

Знам, болно е. Но, имај на ум дека она што боли најмногу е чувството дека ја изгуби. Во тие фази и мажот и жената се склони кон самосожалување, но тоа е само една фаза која бргу ќе помине ако ова искуство одлучиш да го претвориш во лекција која гласи:

Ако жената ти се допаѓа, ако те привлекува, ако ти е со неа убаво- размисли дали сакаш да ја видиш во прегратка на друг маж. Ако не, прашај ја што сака и овозможи и’ го тоа. Се’ додека е тука, таа те посакува тебе- не дозволувај и некоја следна прилика да биде пропуштена. Стравот од врзување е вистински, но станува безначаен наспроти стравот дека ќе ја изгубиш личноста со која животот би можел да ти биде многу убав.

Тогаш кога тоа ќе се случи, тогаш кога ќе ја изгубиш жената која ти е важна, обиди се да и’ пристапиш со зборови, но пред се со дела- разни гестови, изненадувања, знаци на внимание. Ќе знаеш дека е доцна кога нема ниту да ти одговори на порака- случајно, кога ќе престане да се интересира за тебе.

Ќе знаеш дека тргнала понатаму, тогаш кога нема да знаеш многу работи за неа. Тогаш е можеби време и ти да тргнеш понатаму, но овој пат попаметно, бидејќи утре е нов ден.

S.K. Nelly

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: