Одговорите ги добив од разговорите со волонтери кои ми ги раскажаа своите лични приказни. Многу од нив имаат прикриена депресија, а всушност сакаат да помогнат на другите кои сеуште се кријат.
Сите со мирен, но одлучен тон ми рекоа: Те молам, подели ја мојата приказна. Бидејќи не сакам било кој да живее живот каков што имам јас – Во постојан срам и интензивен страв, исполнет со ужас, како и овој заштитен оклоп кој го создадов околу себе, кој треба да се сруши и да ме плесне по лицето. Бидејќи, депресијата е многу мрачно место.
Од тие разговори, открив 9 вообичаени причини за депресија која личноста може совршено да ја сокрие, обидувајќи се да биде емоционално невидлива и ‘непобедлива’ давајќи му на надворешниот свет наизглед совршена слика на својот живот. Многумина ќе се најдат овде.
1. Срам поради своето физичко или сексуално злоставување
Штетата која е нанесена поради физичкото или сексуално насилство може да ве замолчи, посебно ако ви е речено да молчите и да ја чувате мрачната тајна на своето семејство или на било кој кој ви е близок. Животот ви беше вон контрола. Не бевте сигурни како дете (или можеби сега не сте сигурни како возрасна личност). Значи држењето на работите под контрола е од витално значење за вашиот начин на живот, а вие молчевте- бидејќи го апсорбиравте срамот кој не ви припаѓаше вам. Носите болка и вина која не можете да замислите дека проаѓа.
2. Моравте да се соочите со семејно насилство или занемарување поради злоупотреба на супстанци..
Научивте да бидете хипервнимателни, потполно задржувајќи ги своите чувства за себе, бидејќи не можевте сигурно да ги поделите со оние кои требаше да ве негуваат и заштитат. Можеби се посветувавте на некои активности надвор од домот, само да бидете подалеку. Направивте се’ што можеше само да бидете невидливи за своите родители, за да се заштитите од нивната токсичност, не привлекувајќи внимание.
3. Емотивно бевте празни и мораше да ја докажувате својата вредност без оглед на цената
Речено вие дека нема никогаш да постигнете ништо во животот или дека сте премногу чувствителни -плачко. Тие зборови длабоко се врежани во вашиот ум; станавте опседнати во докажувањето на насилникот, родителот, учителот, тренерот дека не се во право. Исмејувани сте и провоцирани. Сега се обидувате да ја избегнете ранливоста. Сега сакате да дојдете до врвот по секоја цена.
4. Никогаш немавте детство и се игравте псеудо- возрасна личност во своето семејство.
Вие требаше да се грижите за другите во вашето семејство. Можеби едниот или двајцата родители претрпеле ментални или физички болести или не се однесувала како зрели личности. Се грижевте за браќата и сестрите или едноставно бевте најодговорното дете во семејството. Почнавте да криете колку сте осамени и колку ви треба утеха.
5. Бевте ѕвезда во своето семејство
Најголеми пофалби добивавте поради своите успеси. Од вас се очекуваше многу. Не смеевте да згрешите, бидејќи тоа е неуспех, а не процес на учење. Ве означуваа како паметна, остварена личност. Притисокот беше голем. И поверувавте дека цел свет од вас очекува совршенство, при тоа секое достигнување требаше да го надмне она претходното. Постојано само голтавте. Ранливоста и борбата е нешто неприфатливо за вас.
6. Машко сте
Ве учеа дека е срамно да се призне било каква ранливост. Вашите машки примери живееја на тој начин, ги делеа работите на машки и женски стереотипи, во кои мажите се’ можат да издржат, без признавање на своите емоции. Ако покажувавте емоции, секогаш бевте исмеани.
7. Никој во семејството не смееше да искаже болни емоции
Се случуваа работи, дури и болни работи како смрт, развод, разочарување, но никој не зборуваше за болката од тие загуби. Казнувани бевте поради покажување на солзи, болка. Никогаш не ве тешеле ниту ве поддржуваа кога се чувстувавте збунето. Значи, замолчувани бевте. Одлучивте да бидете ‘емоциопнална врста’. Престанавте да барате утеха бидејќи немаше достапна утеха. На крајот на краиштата, кој е подобар начин да се соочиме со нешто од верувањето дека она што не постои не е потребно?
8. Се чувствувавте или сеуште се чувствувате одговорни за родителската среќа или исполнување
Твоите родители ти зборуваа: ‘Не знам што ќе правам без тебе’, ‘Нема никој кој ќе ме разбере како тебе’. Чувствувате дека ваш приоритет е поддршка на своите родители и константно да се грижите за нив. Како воопшто можете да одите од дома и да водите свој живот ако вашата работа е да ги направите среќни вашите родителите?
Значи, вие можеби останавте заклучени во таа улога ‘дели ги оние делови од себе’ кои ќе им бидат пријатни на родителот, покривајќи ги другите. Вашиот живот може да биде сплет на скриени тајни. На тој начин се трудите да бидете совршен син или ќерка бидејќи родителот не може да ви даде дозвола да се разделите од нив.
9. Вашето семејно воспитение не поддржува емоционална отвореност или едноставност.
Постои голема разлика помеќу земјите и културите во начинот на кои емоциите се разбираат и изразуваат. Одредени култури или верска и етничка припадност имаат збир на верувања, правила и очекувања кои го обликуваат начинот на кој перципира одредени емоции и како ги изразувате. Тоа понатаму доведува до закличок дека постојат емоции кои се неприфатливи. Вашиот одговор е да ја прикриете вашата стварност. Меѓутоа, што повеќе се обидувате да се вклопите во културата која не’ поттикнува емоционална отвореност или која не поддржува индивидуални разлики, тоа може да предизвика судир и проблеми.
Автор: Margaret Rutherford
доктор на медицина и клинички психолог
Leave a Reply