Нашиот однос е замрзнат и ние се сменивме. Нашиот однос не е она што некогаш го имавме и колку да се трудиме тоа да не го признаеме, ништо не можеме да направиме за да го спасиме. Се сменивме и сега сме двајца различни луѓе кои имаа многу заеднички планови, кои сега не важат.
И знаеш подеднакво добро како и јас дека нема повеќе сила да се вложи во нешто што не води кон ништо, кога вербата во нешто повеќе не постои.
Зона на удобност
Можеби ќе најдеме излез од оваа безнадежна ситуација, бидејќи довербата која не’ спои не’ држи заробени во зоната на удобност. После толку време, се плашиме да одлучиме да ја напуштиме практичноста на рутината. Сакаме да се увериме дека ни оди добро, но и двајцата знаеме дека оддалеченоста меѓу нас е непремостива. Мора да ја напуштиме својата зона на удобност и повеќе да не се лажеме себе. Не сме исти оние луѓе кои бевме кога ја започнавме нашата врска, кои сега едноставно повеќе не се вклопуват во односот. Тоа е факт кој мора да го прифатиме.
Она што останува повеќе не е љубов
Бевме пар кој негуваше меѓусебно почитување и љубов. Но, единствено помеѓу тебе и мене е сочувство, малку љубов и носталгија. Магијата испари, а ние двајцата тоа не можевме да го спречиме: понекогаш е потребно многу повеќе да се оддржи одност кој повеќе не можеме да го спасиме.
Сите оние неопишливи моменти кои ги делевме ќе останат во нашите мисли и ќе не’ потсетат нас дека некогаш ќе бидеме среќни што ги делевме своите животи еден со друг. Кога двајца луѓе толку се сакаат, длабоко во едниот останува само меѓусебна благодарност.
Поради сето ова, верувам дека е најдобро да престанеме да мислиме дека на оваа оддалеченост може да се преговара, бидејќи и двајцата разбираме дека тоа не е вистина. Животот понекогаш не’ тера да носиме вакви одлуки кои не сакаме да ги носиме. Но, тоа за нас е најдобро.
Leave a Reply