Животни принципи по кои живеат Вагите

Вагите мразат непристојни и себични луѓе. Мразат кога луѓето ги туркаат и ги притискаат со донесување на одлуки. Уживаат во шопинг. Сакаат луѓе кои не се плашат да го покажат својот интерес.

Таа е најмногу повредена кога се разочарува од личноста за која мислеше дека никогаш нема да ја повреди. Вагите не можат да функционираат во хаос и негативност. Штом ќе се најдат во такви околности, веднаш нивните вибрации се поместуваат. Најголемиот дар кој можете да му ја дадете на Вагата е вашето време и љубов. Имаат мека романтична душа и носа многу љубов и мир.

Но, ако ги предизвикате, на површината може да се појави невидена безобзирност. Таа е исто така немилосрдна кога е во прашање спроведување на правда. Ако имате Вага во животот, не дозволувајте си себеси да ја изгубите, бидејќи овој знак има карактер благодарение на кој, може да направи се’ да изгледа како треба.

Ево 20 животни принципи на Вагите:

  1. Премногу размислува. За секоја ситуација имаат 10 можни сценарија пред да се случи било што.
  2. Никогаш со сигурност не можете да знаете што се случува во нивната глава, бидејќи често се во борба со самите себе.
  3. Можат да имаат 100 обожаватели, но нив тоа воопшто не им е важно, бидејќи кога имаат некој кој го сакаат, нивните очи ја гледаат само таа личност.
  4. Не можат да живеат без музика. Уживаат во шопинг. Сакаат луѓе кои не се плашат да го покажат својот интерес.
  5. Кога се чувствуваат тажно, им треба некој кој ќе им го сврти вниманието, но уште повеќе, некој кој ќе ги натера да се соочат со своите проблеми.
  6. Најголема слабост е да ги занемаруваат своите потреби на сметка на другите.
  7. Еден од најдобрите чувства е кога ќе запознаат нова личност и веднаш ќе пронајдат заеднички интереси.
  8. Ако Вагата почувствува дека ја сакате, ќе биде достапна 24/7 и секогаш ќе се бори за љубов.
  9. Сите имаат проблеми, но Вагата знае подобро да ги сокрие од другите луѓе. Не сакаат нивните чувства да влијаат на расположението на луѓето околу нив.
  10. Кога некој ќе проба да ги импресионира, најважни се мали, наизглед безначајни работи кои можат да им бидат невидливи на другите.
  11. Во себе носат многу болка, но секое утро се будат со насмевка на лицето.
  12. Најбрз начин Вагата да ја извадите од такт е да и’ кажете нешто што ќе ја вознемири.
  13. Мразат непристојни и себични луѓе. Мразат кога луѓето ги туркаат и притискаат во донесувањето на одлуките. Сакаат да им помогнат на другите, но многу ги нервираат луѓето кои постојано бараат услуги и никогаш не ги враќаат.
  14. Некој мора да биде арогантен па Вагата да не комуницира со него. Но, штом Вагата престане со некој да разговара, тој однос се прекинува засекогаш.
  15. Хармонија е нивната најголема потреба. Негативноста им го убива расположението.
  16. Течно зборуваат најмалку 5 јазици: македонски, вулгарен, саркастичен, вистински и полн со њубов, а понекогаш и странски.
  17. Имаат многу брилијантни идеи, но потребна им е вечност за да ги остварат. Ги одлагаат работите како никој друг.
  18. Не сакаат да играат игри. Едноставно е: или сакате или не сакате да бидете со нив.
  19. Ако не разговараат со некој, тоа може да биде од две причини: или не им се допаѓа или не им веруваат.
  20. Мото на Вагите е: не ми се потребни луѓето на кои не сум им потребна.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: