Како да сфатиш дека ова не е Љубов?

За љубовта се напишани многу книги, но некако со молчење се преминува преку онаа друга страна на медаљата -рамнодушност. Често не ја забележуваат. Психологот со големо искуство Aна Кирјанова прецизно опиша како да се разликува љубов од рамнодушност.

Не е љубов- не сметај! Не зборувај, не се смеј, не барај гушкање. Немој да зборуваш за своите грижи- тоа се глупости, а не грижи. Не барај ништо- мора да сфатиш дека моментално е тешка ситуација. И всушност, што ти сакаш?

Не сметај на помош, човекот мора сам да се снајде. Дури и ако има пет години- и тоа е веќе солидна возраст. А триесет и пет е веќе старост! И како изгледаш во тие години?

Не е љубов кога те караат, но и не те фалат. Не те забележуваат. Љубов нема кога ти е непријатно да јадеш со саканата личност, бидејќи ќе каже дека многу јадеш. Ако зготвиш, ќе го изеде и нема да каже ништо. И нема да го забележи твојот труд кога ќе суредиш и ќе ставиш цвеќе во вазната.

Не е љубов, кога ништо што ќе направиш не чини- нервираш, сметаш, се мешаш, зборуваш глупости, заморуваш. Седи мирно во аголот и чекај да те односат во прошетка. И не кукај, не цвили, не се дери – тивко седи и чекај. Кога не ти помагаат, туку ќе ти кажат: Тоа е твоја вина!- тука љубов нема.

Кога ништо не ти подаруваат, значи дека не те сакаат. Кога сакат да потрошат пари на тебе- не те сакаат. Не е тоа омраза. Тоа е понекогаш уште полошо, бидејќи можат да те мразат од завист, да кажеме. И тогаш можеш да одиш или да возвратиш. А кога не те сакаат поради рамнодушност, не можеш ништо, иако велат: Да, те сакам, само пушти, повторно ти тераш она своето. Тоа не е љубов. Од не- љубов се умира. Посебно старите луѓе, децата и кучињата. И возрасните, ако се беспомошни и чувствителни.

Не- љубов го прави човекот плашлив, неспретен, чувствителен и грд. Сето време се плаши нешто да не расипе, да не смета, изнервира..Ништо тука не можеш. Освен… Ако имаш сила- оди си, без никој никаде. Или сфати- дека тука љубов нема. Тоа е не- љубов.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading