Понекогаш жените се подготвени на многу компромиси за да останат поврзани со партнерот. Со тек на време тие компромиси се претвораат во мала жртва, а потоа стануваат долговечно служење на партнерот. Тие се подготвени да му удоволат и живеат во голема заблуда дека го прават среќен. А всушност и двајцата се заробени во навиката која станува должност, обврска. Тоа повеќе не е љубов, почитување, разбирање, верност, приврзаност и се’ она што вљубениот пар го прави вистински среќен.
Тој е таков, не може да се промени
Од страв дека ќе се изгуби саканата личност, жените во старт се поставуваат како да се подготвени секогаш да ги направат среќни. Секогаш се тука за него, и на пладне и на полноќ. Сите свои обврски ги оставаат поради него, бидејќи во тој момент им годи улогата на спасител на мажот кој е разочаран во животот. Само таа го разбира, сфаќа, само таа е сигурно пристаниште во овој хаотичен свет. Не, драга, не можеш да му бидеш психолог на својот маж. Поради неколку причини, постојат стручни луѓе кои ги решаваат емоционалните проблеми и потешкотии. Не можеш да го спасиш од нерешливи семејни проблеми, не можеш да ги решиш неговите проблеми на работа, не можеш да ги излечиш неговите комплекси. Во тој процес можете да си бидете меѓусебна поддршака, но никако оптеретување.
Толеранција на се’ и сешто
Тој понекогаш ќе вика по тебе, приговара и зборува дека ќе биде добро ако си поинаква. Бидејќи носиш розеви наочари, ти слепо веруваш на неговите зборови и се обидуваш да бидеш подобра. Односно го потиснуваш својот сјај и енергија, за да не го повредиш него, нарцисот. Вистинскиот маж ја поддржува својата партнерка и горд е на неа. Никогаш не се дере на неа и не ја понижува. Жените толерираат и флертувања, дружења со други жени па дури и неверства. Поради страв дека ќе го изгубат партнерот. Уверени се дека не се доволно добри љубовници и дека на нивните мажи им е потребно понекогаш да додадат гас и својата привлечност да ја покажат на други. Бидете сигурни дека во очите на овој нарцис го изгубивте почитувањето. Заслужувате многу подобро. Можете да имате маж на кој вие сте повеќе од доволни.
Нерамноправен однос
Ако сте во брак и ако вашиот маж ви ги препуштил поголемиот дел од грижите околу семејството, грижа за децата и сите други обврски само затоа што тој многу работи и е посветен на работата, тогаш сте на погрешен пат. Бракот подразбира меѓусебно помагање и правење ручек, поделба на работите. На детето му се потребни двата родители, кои се должни да бидат активни учесници во секој аспект на животот на своето дете . Не може се’ да помине преку грбот на мајката, бидејќи не сакате да создадете емоционален инвалид кој не знае да се носи со своите комплекси.
За танго се потребни двајца
Затоа, драги дами, не толерирајте безобразлук, мрзливост и искористување на вашата добрина. Размислувајте дека вашиот партнер треба да има кавалитети на сериозен и одговорен маж кој е подготвен да се соочи со животот и сите животни предизвици, прилики, опасности, препреки, но и да ужива со вас во меѓусебните успеси. Мажот кој се радува на вашата среќа е вашиот вистински сопатник. И така останува, до крајот на животот.
Leave a Reply