Кога жената ќе почувствува дека нејзината врска завршува, дека мажот ќе ја напушти, тогаш таа прави се’ само да го избегне најлошото сценарио.
Многу жени се служат со разни манипулации само за да го задржат партнерот покрај себе. Често забораваат дека ако мажот одлучи да замине, не постои начин да го задржат.
- Се обидува да биде што е можно подобра. Почнуваат многу почесто да ги готват омилените јадења на мажот, во потполност да се прилагодуваат на мажот и прават се’ она што порано не правеа, а требаше. Мажот ќе сфати ако ова не е искрено и ако е насочено само на тоа да го задржат да остане што подолго.
- Плачат и молат. Женските солзи понекогаш можат да го изнервираат мажот до таа мера, што тој својата одлука да ги напуштат веднаш да ја спроведе, дури и порано отколку што планирале.
- Правење на драма. Скандали, заканувања и прашања од типот: ‘Кој си ти без мене?’ можат дури да бидат полоши од женските солзи. Никој не може да забрани тагување, но дерење, кршење, заканување кај мажите само предизвикува желба да замине, дури и да побегне.
- Манипулирање и уцени. Најчеста и најголема грешка која жената може да ја направи е обид за манипулација. Децата не смеат да бидат алат за решавање на семејните проблеми.Тие само ги сакаат и мама и тато и не треба да бираат помеѓу нив двајца. Закани со судови, одземање на имот и пари, уцена со некои информации- се’ е тоа исклучително ниско и не е фер кон личноста со која поминавте еден период од животот.
- Преправање дека не им е грижа. Не е редок случајот љубовта меѓу партнерите да исчезне и тогаш им е полесно да се разделат. Но, дури и да е така, не треба да бидете рамнодушни и да покажувате дека љубовта воопшто не постоела. Најдобрата опција за двајцата е да останете во што подобри односи.
Leave a Reply