Нивниот најголем внатрешен судир е тоа што имаат многу самодоверба, но многу несигурности. Сакаат да бидат опкружени со луѓе, но не сакаат да се откријат себе во вистинско светло. Сакаат да го живеат својот живот по свои правила и не сакаат никојда им суди.
Тие немаат само две, туку повеќе особености во себе, плус постои нешто единствено во начинот на кој ја изразуваат љубовта- доволно интензивно да се чувствува, но доволно суптилно да не се угуши саканата личност.
А тоа е, мора да се сложиме, многу поинакво од лицемерие. Тие се познати како комуникативни и самоуверени луѓе кои можат да бидат многу срамежливи. Тие посакуваат да бидат постојано опкружени со луѓе, но исто така уживаат во тоа што имаат свои мисли.
Сакаат да бидат во однос со некој кој ќе се грижи за нив, доволно да ги стимулираат да учат нови работи и да им помогнат да напредуваат. Не толерираат лаги и луѓе без здраво разбирање. Комуникативни се, но не сакаат секогаш први да започнат разговор. Ако не им се допаѓате како личност, едноставно ќе се однесуваат како да не постоите.
Еве 20 принципи на Близнаците.
- Кога треба да се занимаваат со глупи луѓе, ја користат својата саркастична смисла за хумор како оружје.
- Секако дека зборуваат со себе.Понекогаш им е потребно стручно мислење.
- Нивниот мозок е премногу напреден за луѓе со ограничен поглед на свет.
- Не можат да седат и да не прават ништо. Не сакаат досадни разговори и не сакаат да возат во колона позади други возачи. Мразат страници на кои им треба вечност да се отворат. Мразат да чекаат било што.
- Сакаат да го живеат својот живот по свои правила и не сакаат никој да им суди.
- Една од работите кои најмногу ги иритира Близнаците е кога лично ги сфаќаат работите ако на некој нешто ќе му кажат.
- Близнаците се многу чувствителни, иако тоа другите не можат да го забележат. Можеби затоа што плачат само пред луѓето на кои потполно им веруваат.
- Сакаат друштво, но неопходно е понекогаш да бидат сами.
- Кога ќе се уморат од нешто, оставаат се’ без расправија и објаснување, а понекогаш дури и без поздрав.
- Очекува од партнерот со нив да ги прават работите кои не ги сака или оние кои ги смета за чудни и безобзирни.
- Вистина е дека сакаат да флертуваат, но кога вистински ќе се вљубат, стануваат слепи за остатокот на светот.
- Сакаат да бидат сакани и нема да кажат ‘Те сакам’, ако навистина тоа не го чувствуваат.
- Никогаш не прашуваат повеќе пати. Следниот пат ќе прашаат некој друг.
- Кога ќе се посветат на нешто, ништо не може да им застане на патот. Еден ум наспроти два ума на Близнаците нема шанси.
- Нивниот најголем внатрешен судир е тоа што имаат голема самодоверба, но многу несигурности. Сакаат да бидат опкружени со луѓе, но не сакаат да се откријат себеси во вистинско светло.
- Знаат како да слушаат, разбираат, простат и заборават…Како и да ги читаат сите лаги.
- Многу се лојални личности.
- Знаат со часови да лежат во кревет и да создаваат креативни идеи. Нивниот мозок оживува навечер.
- Ако некој ги измами, предаде, едноставно го оставаат без премногу врева.
- Без оглед колку е ситуацијата лоша, Близнаците секогаш се обидуваат да ја најдат светлата точака.
Leave a Reply