Животни принципи по кои живеат Шкорпиите

Шкорпиите често велат: ‘Не само што ги слушам вашите зборови и го гледам вашето лице, туку ги гледам и вашите очи и го воочувам тонот со кој разговарате. Јас го забележувам вашиот говор на телото, ги прекинувам вашите тишини, слушам она што вие не го кажувате и што е најважно, ја слушам својата интуиција.

Шкорпиите се најверни љубовници со кои можете да бидете благословени. Тие имаат моќ да сфатат се’ од вашиот поглед. Комплицирани се и често ќе ви дозволат да си мислите дека се играате со нив, а всушност тие се играат со вас.

Имаат легендарна способност да ги чуваат тајните и ветувањата многу им значат, па не им ветувајте нешто што не можете да исполните.

Многумина мислат дека Шкорпијата е злобна, но штом ја запознаете, ќе сфатите дека се едни од најдобрите луѓе кои постојат. Можат да кажат злобни и лоши работи, но вистинити.

Понекогаш знаат длабоко да продираат во својот потсвесен ум, што може да доведе до разочарувања, хронична болака па дури и депресија. Во оваа состојба, Шкорпијата се преставува најлошо од сите и труе се’ околу себе, вклучувајќи се и себе.

Еве 20 принципи на Шкорпијата

  1. Само затоа што не одговараат, не значи дека не забележуваат.
  2. Не можете да ги контролирате, не можете да ги победите, затоа е најдобро да им се придружите.
  3. Не им треба одобрување за одлуките и постапките.
  4. Кога некој ќе каже дека постои нешто подобро од секс, тие се смејат гласно и мислат дека тие луѓе никогаш немале Шкорпија во своите животи.
  5. Што и да им дадете, враќаат десет пати повеќе. Можат да ви бидат најдобри непријатели или најголеми сојузници. Внимателно бирајте.
  6. Клучот на нивното срце: дозволете им да ви ја покажат својата длабока и мрачна страна и потрудете се таа да не ве плаши.
  7. Не се плашат од никој и ништо. Кога ќе почнете битка со нив, подобро бидете подготвени за борба. Немаат што да изгубат.
  8. Љубат силно, така да нивните чувства полека умираат ако немаат доволно љубов.
  9. Никогаш во животот не се саркастични.
  10. Никокогаш не трчаат по луѓе. Ако некој сака да биде тука, ќе биде.
  11. Имаат силна заштитничка природа. Ако некој покаже одвратност кон личноста која им е битна во животот, можат да ја растргнат на ситни делови.
  12. Ако некој покаже дека не се грижи за Шкорпијата, ќе покаже дека е многу подобра во тоа.
  13. Или изберете да бидете со нив или не. Шкорпијата не дозволува да биде план Б.
  14. Размислуваат многу и имаат совршена способност да разликуваат лага од вистина.
  15. Ги оценуваат луѓето па ако не им веруваат на никој, сигурно постои добра причина за тоа.
  16. Можат да се извинат само поради начинот на кои кажале нешто. Никогаш поради она што е кажано.
  17. Веруваат дека треба да се борат во врската, но не веруваат дека тоа треба да го прават сами.
  18. Шкорпијата знае често да каже: ‘Не само што ги слушам вашите зборовии го гледам и вашето лице, туку ги гледам и вашите очи и го воочувам тонот со кој разговарате. Јас го забележувам вашиот говор на телото, ги прекинувам вашите тишини, слишам она што вие не го кажувате и што е најважно, ја слушам својата интуиција.
  19. Тешко им веруваат на луѓето, бидејќи кога ќе дадат втора шанса, ќе бидат изиграни.
  20. Немаат трпение. Имаат само брза реакција на глупости.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: